Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон

Учениците од основните училишта по неколку часа на ден поминуваат со мобилен телефон – така на анкета одговориле 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и  63 проценти од 585 прашани осмоодделенци. Истражувањето во кое биле анкетирани вкупно 1288 ученици од четврто и од осмо одделение е спроведено од тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ, а...

Аларм за дебелината кај населението во Македонија

Дебелината кај населението во Македонија е алрамантна. Црвениот аларм е појавен и треба да се подигне свеста за превенција од дебелина, за која причините се лошите навики на исхрана, недоволната физичка активност, стилот на живот. Загрижува фактот што се зголемува дебелината и кај младите и децата. „Дебелината треба да се препознае и да се превенира“. Ова беше посочено денеска во...

Фото: Одбележан Денот на првата пешадиска бригада

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Првата пешадиска бригада (1.пбр), најголемата борбена единица во составот на Командата за операции, го одбележа Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, генерали во...

Сообраќајка кај Фариш го блокираше патот Градско–Прилеп

Од 14 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Градско - Прилеп. Според информациите на јавното претпријатие „Македонија пат“, причина за прекинот е сообраќајка меѓу патничко и товарно возило кај месноста викана Фариш. Сообраќајот се одвива по стариот пат Градско - Прилеп и обратно, пренесе МИА.

Божиновска: Новиот далновод е темел на енергетската иднина на Македонија

Со поставување на камен-темелникот на 400 киловолтниот далекувод од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница, денеска беше означен почетокот на еден од најзначајните енергетски проекти во земјава, кој има стратешко значење за електроенергетската поврзаност и стабилност. Станува збор за капитална интерконекција која ќе ја заокружи електроенергетската мрежа на Македонија со сите соседни земји и ќе ја зацврсти позицијата на државата...

ЈСП воведува нов возен ред: Промени на повеќе линии од 4 април

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од 4 април 2026 година ќе стапи во сила нов возен ред за дел од автобуски линии во рамки на градската мрежа. Како што соопштуваат од ЈСП, измените се прават со цел усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз, што треба да придонесе за подобра организација и поголема ефикасност на јавниот...

Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот, сведочеше братот на покојната Ивана

Како брат почувствував потреба да го довршам она што го почна татко ми. Се активира барањето за развод, а Катја и Ивана требаше да останат кај мајка ми во станот. Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот, ѝ барал 30.000 евра да му даде за да си оди, за што сестра ми...

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

„Алкалоид“ АД Скопје од 1996 година е дел од Македонската берза, најпрвин преку Третиот неофицијален пазар, а од ноември 2002 година како котирано друштво на Првиот официјален пазар, на кој се етаблира како една од најликвидните и најтранспарентни компании. По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше...

Започна изработката на новиот Национален акциски план за отворена власт 2026–2028

Започна процесот на подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2026–2028, со што се отвора нов циклус на соработка меѓу институциите и граѓанското општество насочен кон поголема транспарентност и отчетност. На конференцијата во Скопје, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува клучен механизам за унапредување на демократското управување...

Државата врати близу 20 милиони евра на 119 компании по укинувањето на данокот на солидарност

Министерството за финансии информира дека близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатиле средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. - Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари....