Се надевам скопјани ќе ми дадат интересен совет што да читам
Онджеј Штиндл, чешки писател
Годинава Штиндл е еден од гостите на фестивалот за европска литература „Букстар“, чие единаесетто издание завршува вечерва (2 октомври). Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките работи“, а својот корен го има во делото на Крсте Мисирков (1874-1926), во пресрет на јубилејот сто години од неговата смрт (2026)
Онджеј Штиндл (1966) е чешки писател, новинар, филмски и...
Зеленски вели дека Украина е подготвена да и помогне на Европа во справувањето со нападите од со дронови
Денес кога Европа се соочува со напади со дронови, Украина, која има релевантно големо, а можеби и најголемо искуство во справувањето со нив, нема да стои настрана и секако ќе им пружи поддршка на своите вистински пријатели, како што е Данска, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при пристигнувањето на при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во...
Алармантни бројки: Четириесет проценти од младите до 18 години пушат
Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола...
КСЗД апелира до ДИК да се исполнат препораките по утврдена дискриминација
Во пресрет на претстојните локални избори, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира да се исполнат препораките од донесените мислења со кои се утврдува дискриминација врз различни групи граѓани во процесот на остварување на избирачкото право.
Комисијата во допис до медиумите потсетува дека на 9 ти август 2021 година „утврди директна дискриминација извршена од страна на ДИК и...
Треба да го зачуваме нашето небо безбедно, порача Руте
Покрај Самитот на НАТО и состаноците на Европскиот совет, Европската политичка заедница претставува моќен формат на кој можеме да се собереме и да го поставиме курсот на дејствување, но и сите да водиме дијалог меѓу себе - и големи и мали, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте при пристигнувањето на денешниот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген.
-...
Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чие нето богатство се проценува дека достигна 500 милијарди долари, според американското списание „Форбс“, кое главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и во авио-вселенската компанија „Спејс-Икс“.
„Форбс“ го пресмета богатството на Маск за околу 150 милијарди долари повеќе од ко-основачот на „Оракл“, Лери Елисон. Подоцна списанието малку ја ревидираше проценката...
Дојави за бомби во училишта речиси низ цела Србија
Сите основни и средни училишта во Нови Пазар утрово добиле дојави за наводно поставена бомба. Дојави за бомби пристигнале во училишта во Горњи Милановац, Белград, Ниш, Крагуевац, Нови Сад, Јагодина, Врање... Наставата во првата смена во Нови Пазар дури и не е започната, бидејќи е-поштата била забележана утрово пред учениците да влезат во училниците. Децата се евакуирани, а полицијата...
Снежни врнежи на повисоките населени места во земјава
По дождот, кој се уште врне во пониските делови од дебарскиот поширок регион, забележани се првите снежни врнежи во повисоките населени места, како Лазарополе, Броштица, подрачјето на Горна Жупа, како и во селото Татар Елевци над градот.
Сообраќајот во овој дел од државата се одвива непречено, но, се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и помали, но, чести одрони, поради...
Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање
Натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата отколку шалтерите, покажуваат најновите податоци од платежната статистика на Народната банка (НБ) за вториот квартал од 2025 година.
-Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9 отсто по...
Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство...







































