Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди западна Турција

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди денеска западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, наведуваат турските медиуми. Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. По земјотресот...

Елка Јачева Улчар за кирилицата

Синоќа во е-сандачето бев „бомбардирана“ со текстови што се шират по ФБ и по некои портали во кои се обвинуваат авторките на учебникот за прва година гимназиско образование за изнесување наводно лажни факти. Не очекував дека утрово синоќешниот бран уште повеќе ќе се засили, па дури и дека ќе добијам молба да кажам како е вистината?, пишува во својата...

МАЕИ: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Единствената македонска партија во Албанија,  Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), во соопштение за јавноста,  ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во написот „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“, објавен на бугарскиот интернет-портал „Буревесник.бг“. Во реакцијата се наведува дека станува збор за класична медиумска манипулација со цел...

Треба да се поддржи повикот на Трамп, Унгарија да престане да купува руска нафта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на почетокот на состанокот на Европската политичка заедница во Копенхаген, побара уште построги санкции против Русија и директно ја повика Унгарија да престане да купува руска нафта. -Треба да го поддржиме повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да престане да купува руска нафта... Момците од Унгарија мора јасно да го чујат тоа - рече Зеленски, обраќајќи...

Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип, во втората половина на октомври ќе почне имунизацијата

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип и дека се очекува да пристигнат во текот на следната недела по што вакцинирањето ќе почне од втората половина на октомври. -Традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор...

Отвори онлајн депозит во Шпаркасе банка: Промотивни каматни стапки за онлајн депозит и за детски депозит

Во месецот на штедење, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов дигитален производ наменет за штедење – Онлајн депозит со промотивни каматни стапки и целосна дигитална достапност. Депозитот претставува стратегиски чекор во дигиталното банкарство на Шпаркасе Банка со кое се овозможува клиентите да отворат депозит целосно онлајн, преку мобилната апликација S-Banka, без потреба од посета на експозитура. Со неколку кликови, штедењето станува брзо, едноставно и безбедно,...

Странд: Македонија е во срцето на Европа и нејзиното место е во ЕУ

Се надевам нема да гледаме премногу билатерални прашања коишто ќе го попречат процесот на проширување на ЕУ во иднина. Jа поттикнуваме Северна Македонија да оди напред кон отворање на првиот Кластер што е можно побрзо, како и да ги усвои уставните измени што беа договорени, изјави денеска финскиот министер за европски прашања Јоаким Странд, на заедничката прес-конференција со министерот...

Реформите не се затворен процес, тука сме заедно со граѓаните, вели Минчев

Реформите не се затворен процес, тука сме заедно со граѓаните, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев во обраќањето на јавната расправа за нацрт ажурираниот Акциски план 2025–2026 на Стратегијата за реформа на јавната администрација (РЈА). На настанот, што се одржа во организација на Министерството за јавна администрација, учествуваа претставници од институциите, граѓанското општество, меѓународните партнери и експерти од СИГМА,...

Кај Владата постои сериозна одлучност да се преземат конкретни чекори за надминување на спорот со Бугарија, вели Муртезани

Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност и заинтересираност по изборите да се преземат конкретни чекори за надминување на спорот со Бугарија, изјави денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот фински колега Јоаким Странд. Муртезани нагласи дека веќе има конкретни размислувања како тоа да се направи, но не сакаше да открие повеќе...

Нема тумор маркери на Клиника, Алиу е запознаен со ситуацијата

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека е информиран за поплаките на онколошките пациенти дека на Клиника нема тумор маркери. - Да, имам информации. Во тек сум секој ден со сите директори. Точно е дека процесот административно е прекинат и ќе треба да се реобјави на Онкологија. Ве информирам дека тумор маркери не се прават само на Клиниката за...