Во целост одобрен обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.
Од Кривичниот суд денеска информираат дека како што е наведено во сите претходни соопштенија и медиумски одговори, со цел...
„Драмолетање“ – книга драми во издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
Промовирана е книгата „Драмолетање“ во издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Четири драми избрани од првиот повик и пичинг-форум, кој се организираше во рамките на 59-то издание на фестивалот, се застапени во ова важно издание за македонската драматургија. Станува збор за „Голи души“ од Иван Додовски, „Ложа“ од Марио Стојаноски, „Хитлер е жив“ од Ева Камчевска...
Вишните го подобруваат видот
Секое овошје, па и вишните, има малку маснотии и белковини, па и калории, но затоа изобилува со витамин Ц, витамини од Б-комплексот и минерали - калиум, железо и кобалт. Вишната е овошје што во современата исхрана има високо место. Можеме да ги консумираме како сокови, џемови, сирупи, компоти, сладоледи… Сега ќе се запрашате каква врска има сето тоа со...
„АКТО 20“ е фокусиран на славење на слободната мисла и правото на користење на јавните простори
АКТО, од позиција на вонинституционален сектор, 20 години по ред создава простор за колективност и критичност, локална и интернационална соработка и место за споделување и дијалог
Јубилејното 20-то издание на фестивалот за современи уметности АКТО е во тек во киното на Железничката зграда во Скопје, под тематската рамка „Како се прави“. Во рамките на четиридневниот фестивал, кој е основан...
Триумфално завршување на балканската турнеја на НУ ансамбл „Танец“
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ триумфално ја заврши својата балканска турнеја, оставајќи зад себе трага од воодушевена публика и силни емоции.
Со наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“, турнејата го потврди статусот на „Танец“ како амбасадор на македонската култура.
Оваа турнеја не беше само серија настапи туку и културна мисија. Таа успеа да ја премости географската оддалеченост,...
МОБ ја отвора сезоната со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт
Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, денеска, во 20 часот.
Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ги отсликува генијалноста, длабочината и духовната...
Работилница на јадранската мрежа „Браќа Манаки – следна генерација“
Работилницата на јадранската мрежа „Браќа Манаки - следна генерација“, која се одржува во рамките на фестивалот, е континуитет на наследниците на браќата Манаки, која до минатата година беше наменета за ученици во средно образование. Од оваа година, под менторство на Марија Џиџева и Фејми Даут, како дел од јадранската мрежа, приказната се надградува со студенти од три земји -...
Филхармонијата најави возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти
Новата концертна сезона на Македонската филхармонија се отвори синоќа со концертот насловен „Класика РеСтарт“, на кој како солист настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент беше маестро Јерухам Шаровски. На програмата беа дела од Бете Илин, Едвард Елгар и од Антонин Дворжак.
Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери, потенцираше дека новата концертна сезона 2025-2026 е насловена „#Без филтер“...
Октомвриската програма на Кинотеката: филмска ризница меѓу традицијата и современоста
Кинотеката на Македонија и овој октомври нуди програма што на јасен начин сведочи за нејзината улога како централна институција на филмската меморија и културното сеќавање во земјата. Преку внимателно селектирани проекции, репертоарот гради мост меѓу старите традиции на кинематографијата и современите изрази, покажувајќи ја динамичната врска помеѓу историското и актуелното, помеѓу локалното и глобалното.
Месецот започнува со содржини од Фестивалот...
Гламурозната дива на „Гепардот“ и „Беше еднаш на Дивиот Запад“, Клаудија Кардинале, почина на 87 години
Минатиот месец филмскиот свет се прости од една од најголемите легенди на филмското платно, Роберт Редфорд, а само една недела подоцна, големата сцена остана посиромашна за уште една мегаѕвезда. Светот го напушти и актерката Клаудија Кардинале, гламурозен симбол на италијанската кинематографија по Втората светска војна, која уживаше во долга и разновидна актерска кариера на филм и во театар. Таа...







































