По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија

Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма. Лекувањето, посочи...

Ле Пен предупредува дека ќе ја блокира секоја нова влада

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, денеска предупреди дека нејзината партија ќе ја блокира секоја нова влада и повторно му предложи на претседателот Емануел Макрон да го распушти Парламентот или да поднесе оставка. - Ќе цензурирам сè. Престанете сега. Шегите траеја доволно долго - рече Марин Ле Пен. Таа додаде дека „величината, честа и моралот би...

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги „за развојот на металооргански рамки (MOF)“, објави денеска Кралската шведска академија на науките. Рамките содржат простори низ кои можат да течат гасови и хемикалии, овозможувајќи, на пример, собирање вода од пустинскиот воздух, заробување на јаглерод или складирање на токсичен гас. Китагава (74) од Универзитетот...

ЈУ Национален парк „Пелистер“ ќе користи дрон за справување со пожари

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ - Битола при справување со пожари на отворен простор ќе користи и дрон, изјави за МИА, Иванчо Тошевски, директор на оваа национална установа. Користењето дрон при справување со шумски пожар од пошироки размери овозможува брза и координирана акција, посочи Тошевски. - ЈУ Национален парк „Пелистер“ за прв пат во својата историја употреби дрон кој овозможи да...

Пуштен на домашно лекување доктор Шаини, кој вчера беше ранет во Куманово

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро. - Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е...

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред...

Илегалните преминувања на границата меѓу САД и Мексико на најниско ниво во последните 50 години

Илегалните преминувања на границата меѓу САД и Мексико го достигнаа најниското ниво во повеќе од половина век, според федералните податоци до кои дојде Си-би-ес њуз, американски партнер на Би-би-си. Во фискалната 2025 година, која опфати четири месеци од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, агентите на американската гранична патрола запреле 238.000 мигранти кои нелегално ја минувале јужната граница, покажуваат бројките...

Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, вели Фон дер Лајен

Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена...

Безбедноста е основата врз која се гради економскиот развој, порача Тошковски

Безбедноста е основата врз која се гради економскиот развој, довербата во институциите и квалитетот на живот на граѓаните. Министерството за внатрешни работи е целосно посветено на процесите на дигитализација, модернизација и транспарентност, со цел да создадеме безбедносна средина што ќе одговара на потребите на 21. век.  Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на отворањето на...

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1,5 килограми експлозив, пишуваат српските медиуми

Македонецот Мартин Сипковски (21)  кој загина од експлозија што се случи на први октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград имал кај себе околу 1,5 килограми експлозив „Пентрит“, што го разнесе изнајмениот стан, објавија  белградски медиуми, пренесува МИА. Неговиот идентитет беше утврден за време на обдукцијата и размената на податоци меѓу српската и македонската полиција по анализа...