Пронајдена дрога и муниција во Скопје, лишени од слобода четири лица

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведе акција на повеќе локациии низ Скопје. При претресите се пронајдени наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол. Министерството за внатрешни работи информира дека поднело кривична пријава до ОЈО ГОКК...

Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица од Oбвинителството во случајот „Штекли“. Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука на следното рочиште, закажано за 13 октомври 2025. Од исходот ќе зависи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа. Вештачењата се однесуваа на психичката состојба...

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети земјите од регионот на Западниот Балкан, информира денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Пињо нагласи дека повеќе детали за оваа годишна турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, Европската комисија ќе соопшти во текот на утрешниот ден. Според расположливите информации, западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен...

До ноември 2028 година енергетски ефикасни треба да бидат 14 јавни згради и 33 институции

До ноември 2028 година енергетски ефикасни треба да бидат 14 јавни згради и 33 институции. Реконструкцијата ќе опфати вкупно 102.992 метри квадратни, а ќе чини 11,11 милиони евра. Ова го предвидува владиниот план што се очекува да биде усвоен најдоцна идната недела, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. На брифинг со новинарите Божиновска информираше дека ова произлегува од Законот...

Адвокатот на Васев бара укинување на притворот и определување куќен притвор со гаранција

Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот и определување на некоја друга поефикасна мерка, како куќен притвор со гаранција на куќата во која живее и одзмање на патната исправа, со цел, како што велат, да му се овозможи да се брани соодветно и да можат да работат на дневна основа во двата...

Активирани 39.401.550 денари банкарски гаранции за фотоволтаици кон четири компании

Активирани се банкарски гаранции вредни вкупно 39.401.550 денари поради незаконско постапување при инвестирањето во фотоволтаици. Се работи за компаниите „ЕМК ДООЕЛ - Мали хидроелектрани“ - Скопје, „Пуцкопетрол“, „СБН ЕНЕРГИ увоз-извоз ДОО Кичев“о и „Сол груп 5 ДОО“- Скопје, обелодени денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. Како што истакна Божиновска на брифинг со новинарите, првпат се случува да бидат активирани банкарски...

Макрон: Планот за Газа мора да доведе до мир преку решение со две држави

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го поздрави договорот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас за ослободување на заложниците и прекин на борбите во Појасот Газа. – Овој договор мора да го означи крајот на војната и почетокот на политичко решение засновано врз принципот на две држави - изјави Макрон. Тој додаде дека Франција е подготвена да придонесе кон овој процес...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година „за неговото силно и визионерско творештво кое, среде апокалиптичниот страв, ја потврдува силата на уметноста“, соопшти денеска Шведската академија. Академијата го опиша Краснахоркаи како „голем епски писател во централноевропската традиција“ што се протега од Кафка до Томас Бернхард, и кој се карактеризира со „апсурдизам и гротескен...

Мобилна апликација „Глас против корупција” за анонимно пријавување коруптивни случаи

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието - од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто од младите опфатени со истражување чии наоди денеска беа презентирани на финалниот настан од проектот „Зајакнување на младите во Северна Македонија: клучна алка во градење општество без корупција“ што го спроведува Аналитика тинк тенк во партнерство со Организација на...

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Прво беше сослушан сведок - шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино...