Израел го одобри договорот за Газа

Израелската влада го одобри договорот од првата фаза од планот на САД ставање на крај на војната во Појасот Газа. Со тоа се отвора патот за прекин на непријателствата во Појасот Газа во рок од 24 часа и ослободување на израелските заложници во рок од наредните 72 часа. Владата на Израел го одобри договорот рано утринава, речиси 24 часа откако...

Судот го одби предлогот за притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Битола за определување мерка притвор на двајцата осомничени за кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола и им определил мерка куќен притвор. Од ОЈО Битола информираат дека надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, бидејќи, како...

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Протераниот лидер на Хамас од Газа, Калил Ал Хаја вечерва изјави дека војната е завршена и дека почнува трајно примирје. Тој наведе дека договорот вклучува: отворање на преминот Рафа во двата правци; ослободување на сите палестински жени и деца од израелските затвори; гаранции од САД, арапските посредници и Турција дека војната во Газа е трајно завршена. Но, во меѓувреме висок претставник...

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот Исток. - Ја завршивме војната во Газа и всушност, на многу пошироко ниво, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир - истакна Трамп. Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „в понеделник или вторник“. Нивното враќање е комплициран процес,...

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави постигнатиот договор меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници. Гутереш рече дека организацијата е подготвена да обезбеди помош. - Обединетите нации се подготвени да ја дадат својата целосна поддршка. Ние и нашите партнери сме подготвени да дејствуваме - веднаш - рече...

Концерт на „Танец“ во Прилеп

Концертот „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ на ансамблот „Танец“, кој 76 години е македонски код, ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. За концертот имаше голем интерес па влезниците комплетно се распродадоа и вечерва салата ќе биде полна за настапот на играорците на ансамблот „Танец“, кој пулсира...

Изложбата „Вечно“ посветена на Богдан Богдановиќ е отворена во Прилеп

Попладнево во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата „Вечно“ посветена на академик Богдан Богдановиќ, архитект, уметник, мислител, автор на Могилата на непобедените. Изложбата, по повод 100 години од раѓањето на Богдановиќ, ја реализираа ЦК „Марко Цепенков“, Завод и музеј - Прилеп и Центарот ВАМ од Белград и Уметничката галерија од БИХ. Изложбата ги претставува резултатите...

Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн-пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн-пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз...

На само 13 отсто од 40.000 пациенти со инсулинска терапија им е дијагностицирана дијабетична ретинопатија

На само 13 отсто од 40.000 пациенти со инсулинска терапија им е дијагностицирана дијабетична ретинопатија, а само 20 отсто добиваат третман. Само 25 отсто од пациентите со дијабетична ретинопатија во државава се лекувани, а помалку од 15 отсто се лекуваат целосно. Неопходно е да се зголеми бројот на офталмолози, а особено во местата надвор од Скопје и да се...

Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Петмина службени лица во РЕК Битола, меѓу кои тогашниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, се сомничат дека во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено...