Поднесено обвинение против лице што му се заканувало на директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Во спроведената претходна постапка, како што наведуваат од Обвинителството, обезбедени се докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор...
Не играjте си со Чет контрол
Техно
Три години откако Европската комисија ја отвори Пандорината кутија наречена Чет контрол, Унијата треба да одлучи дали за првпат ќе воведе задолжително скенирање на приватните пораки на сите граѓани. Застапниците се повикуваат на заштита на децата, а противниците предупредуваат дека зад благородната цел се крие најголемиот систем за масовен надзор во европската историја.
Идејата наречена Чет контрол првпат беше претставена...
Пет професии што ќе ги замени вештачката интелигенција
Поради зголемувањето на примената на вештачката интелигенција (ВИ) во многу деловни сфери, како што се автономните роботи за достава и таксијата без возач, многу е лесно да се замисли дека во иднината ВИ ќе замени некои работни места. Во прилог на тоа сведочи и извештајот на институтот „Мекензи глобал“, според кој до 2030 година дури 30 проценти од работните...
Со лифт до Месечината
ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОГИЈА
НАСА и вселенските агенции на Јапонија и на Кина интензивно работат на развој на технологија и нови материјали од кои би се направил кабел што би ја поврзал Земјата со нејзиниот природен сателит. Идејата за изградба на лифт што би се користел за патување до вселената е стара речиси 60 години. Рускиот инженер Јури Арцутанов претставил неверојатна идеја...
Дали неандерталците и хомо сапиенсите се сметаат за ист вид?
Неандерталците, кои исчезнале од археолошките записи пред приближно 40.000 години, долго време се сметаа за наши најблиски еволутивни роднини. Но од првото откритие на неандерталски остатоци во 19 век, научниците расправаат дали неандерталците се посебен вид или едноставно се подгрупа на нашиот, хомо сапиенсот.
Што вели науката? Конкретно, што покажуваат генетските докази, кои не постоеле во времето кога многу рани...
Гран при за Женскиот младински хор при МКЦ во Херцег Нови
Женскиот младински хор (ЖМХ) при Младинскиот културен центар постигна уште еден во низата успеси на меѓународна сцена.
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава Женскиот младински хор се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари.
По освоеното Гран при во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна...
Омаж на композиторот Tома Прошев и концерт на квартетот „Стрингендо“ во КИЦ во Загреб
Во Македонскиот КИЦ во Загреб, во емотивна атмосфера и целосно исполнета сала, се одржа значаен културен настан – краток омаж на дводомниот македонско-хрватски композитор Тома Прошев, во пресрет на јубилејната 30-годишнина од неговата прерана смрт, и концерт „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“.
За ликот и делото на композиторот Тома Прошев, културен деец што живеел и творел во Македонија...
Објавена драмата „Sвездата без име“ од романскиот писател Mихаил Себастијан
„Македоника литера“ ја објави драмата „Ѕвездата без име“ од романскиот писател Михаил Себастијан, која е најпопуларна драма во романската литература. Преводот од романски јазик е на Ирина Кроткова.
„Ѕвездата без име“ во средината на дваесеттиот век била хит во Романија и долго време била на театарските репертоари, а подоцна според неа биле снимени играни филмови во Франција (1966) и во...
„Риголето“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет
На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе една од најубавите музички драми во оперската литература - „Риголето“ од Џузепе Верди. Драмата е закажана за утре, во 20 часот. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режисер е Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, костимографијата на Кристина Ачети (Италија), а кореограф е Саша...
Во Струга една жена ми ја зеде раката и ми ја бакна, ми го стопли срцето
Шенон Саливан, слемерка од Германија
Македонската публика имаше можност двапати да ги види слем-перформансите на Саливан, еднаш на „Струшките вечери на поезијата“, а вторпат на минатогодишното издание на „Поетскиот слем Македонија“ во Прилеп
Шенон Саливан е поетеса, актерка и танчарка од Њујорк, која веќе 20 години живее и работи во Берлин, Германија. Македонската публика двапати имаше можност да ја види...







































