Мицкоски најави нов бран проекти во здравството и образованието

Премиерот Христијан Мицкоски најави нов инвестициски бран во здравството и образованието, истакнувајќи дека во тек се повеќе капитални проекти кои треба значително да ги подобрат условите за лекување и образование во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање по повод отворањето на нови хируршки сали, Мицкоски посочи дека Владата работи на обезбедување финансиска поддршка од меѓународни институции за реализација на неколку клучни...

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на Македонија: Стабилност без промени

Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи, информираат од Министерството за финансии (МФ). „Стандард и Пурс“, како што велат, изврши редовен полугодишен преглед на кредитниот рејтинг на РС Македонија, во рамки на календарот за суверени рејтинзи за ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот. -Станува збор за стандардна...

Горивата повторно поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од 7 април 2026 година од 00:01 часот горивата ќе поскапат во просек за 1,41 отсто. Согласно одлуката, новите максимални цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 83,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98 – 85,50 денари...

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Влада, Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари по литар, а за бензините 2 денари по литар

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека денес се очекуваат нови цени од Регулаторната комисија за енергетика на горивата и каков ефект се очекува од намалување на акцизата на горивото, изјави дека по вчерашната одлука на Владата, овозможиле  РКЕ да ги намали акцизите. - Па ние со вчерашната одлука на Влада, практично...

До 30 април „Окта“ го продолжува попустот при продажба на дизел и бензини

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, „Окта“ до 30 април 2026 година го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и на бензини кон големопродажните и малопродажните трговци. Попустот за дизел изнесува 3 денари за литар, а попустот за бензин од 95 и 98 октани останува 2 денари за литар - информираат од компанијата. Како што нагласуваат,...

Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека здравството останува еден од врвните приоритети на Владата, најавувајќи нови инвестиции и модернизација на здравствената инфраструктура, со фокус на операционите сали. Тој посочи дека во моментов се пуштаат во употреба шест современи операциони сали, а во наредните неколку месеци се очекува да бидат отворени уште четири, со што ќе се заокружи процесот на изградба...

Отворена изложбата „Мајкинство“ на уметничката група МОМИ во Кавадарци

Уметничките Ана Ивановска, Зорица Зафировска, Кристина Хаџиева, Маја Кировска, Татјана Ристовска и Христина Зафировска, обединети во уметничката група МОМИ, ги изложија своите дела во заедничката изложба под наслов „Мајкинство“ во Музеј-галеријата во Кавадарци. Изложбата беше отворена во петокот, во рамките на обемната програма сочинета од 50 културни настани по повод 50 години од основањето на музејот, а ја претстави директорот...

„Саатот“ премиерно во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

„Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиовска, во режија на Кристина Димитрова, е новата премиера што се одигра во театарот „Војдан Чернодрински“. Драматург е авторката на текстот, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, додека за музиката беа задолжени Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата играа Дилип Јездиќ како Саатот, Димитар Ѓорѓиовски (Јован) и Наташа Ачански (Вера) со вокалната придружба на...

Објавена нова книга од Стојан Тарапуза

Светски ден на книжевноста за деца По повод Светскиот ден на книжевноста за деца, „Панили“ ја објави „Јатки од зборови“ – нова книга од бардот на македонската книжевност за деца, Стојан Тарапуза. Песните што ја сочинуваат „Јатки од зборови“ се создавани спонтано и во подолг временски период. Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира...

Април како филмска археологија во Кинотеката

Педесет години Кинотека на Македонија Априлската програма на Кинотеката на Македонија претставува внимателно куриран филмски мозаик во кој се преклопуваат историската меморија, авторската естетика и современите општествени дилеми. Овој репертоар не функционира само како календар на проекции туку како концептуална мапа што ги исцртува континуитетот и трансформацијата на македонската и европската кинематографија, од нејзините пионерски чекори до актуелните авторски изрази. -...