Гаши: Важно е електронскиот попис да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска за најавата на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски дека следниот попис на населението ќе се спроведура електронски, нагласи дека битно е тој да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин.
-Мислам дека тоа е прашање на надлежните институции што ги спомнавте одговорни за да го спроведуваат тоа. Ако тие се чувствуваат подготвени, одлично...
Расправа за новиот закон за Советот на јавни обвинители: Куси рокови, повеќе надлежности и критики за политизација
Со оглед на тоа дека Советот на јавни обвинители меѓу другото одлучува за изборот и напредувањето на јавните обвинители, како и изборот на шефови на обвинителствата, а цел да се избегне привидот во јавноста дека има преговарања, договарања и долги постапки предвидовме куси рокови во кои Советот е должен да постапи, истакна меѓу другото професорската Александра Деановска – Трендафиловска,...
Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да ескалираат и дека целиот регион е „во пламен“, вели Песков
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да ескалираат и дека целиот регион е „во пламен“, коментирајќи ги заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран.
- Констатираме дека нивото на тензии во регионот продолжува да расте. Фактички, целиот регион е во пламен. Негативните последици од агресијата против Иран се опасни. Географијата на конфликтот...
Мицкоски: Нема избрзани одлуки – долговите се последица на лоши политики од минатото
Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок, оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа, се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики...
Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија, воз му ја прегазил ногата при обид да се качи во движење
Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.
Како што соопштуваат од МВР, пријавата во Полициската станица Гевгелија е регистрирана вчера во 18:33 часот, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“. Повреденото лице веднаш било пренесено...
ШК Алкалоид славеше со играчите – пехарите за Николовски и Георгиев
Полувековниот јубилеј клубот ШК Алкалоид го одбележа овој викенд со организација на шаховски фестивал, во чии рамки се одиграа два турнира – во забрзан и во брзопотезен шах, а на кој учествуваа играчи од десет европски земји.
Отворањето беше збогатено со мала церемонија, на која низ поздравен говор беше потсетено дека овој клуб има 27 титули од 33 одиграни првенства...
Гаши: Не е важно дали ќе има нов или изменет Изборен законик, туку да биде фер и кредибилен
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите во однос на изборниот законик нагласи дека не е битно дали ќе биде нов или изменет, туку како што рече, да имаме добар изборен законик.
-Работната група за Изборниот законик во среда ќе има нов состанок. Работат интензивно. Се надеваме дека ќе дојдат до решение. Мое мислење е да имаме...
Запленети 16.000 непријавени лекови во автобус од Турција
Царинската управа откри голема пратка непријавени лекови во автобус кој сообраќал на релација Турција – Косово, при контрола спроведена од мобилен царински тим и тим од службата за скенирање во рамки на Секторот за контрола и истраги.
При деталниот преглед се пронајдени вкупно 16.051 парче лекови со вкупна вредност од околу 1,6 милиони денари. Станува збор за автобус во сопственост...
Градоначалникот на Општина Струга доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“
Градоначалникот на Општина Струга доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според информацијата, тој, именувал вршител на должност директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лице со несоодветно образование и сертификат за познавање на англиски јазик, како и дека не исполнува повеќе услови од Законот за јавни претпријатија.
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи...
Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето
Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето. Не е во ред децата од најмала возраст да користат ароматизирани вајпови, кои потоа можат да се трансформираат во нешто друго, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одоварајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во...








































