Која игра ја игра Трамп?

Војната во Украина од аголот на Белата куќа (2) Од самиот почеток на неговото второ влегување во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, според аналитичарот Зоран Метер, игра „сложена игра покер во која целосно ги блефира/манипулира своите противници“. Се сеќаваме дека Трамп веднаш почна да го напаѓа украинскиот лидер Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека е „најголемиот шверцер што, секојпат кога ги...

Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас, порача Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „ништо“ нема да го загрози примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас во Газа, и покрај обновеното насилство на територијата, јави ДПА. Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат од Јапонија кон Јужна Кореја, Трамп рече дека Израел има право да одговори на нападите. - Хамас уби еден израелски...

Трамп е единствена надеж за постигнување договор меѓу Русија и Украина, порача Сијарто

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е единствената надеж за постигнување договор меѓу Русија и Украина. - Мислам дека Трамп е единствената надеж за мир - изјави Сијарто за белорускиот телевизиски канал „Први информативни“. Според него, западноевропските лидери свесно ги саботираат мировните иницијативи на Трамп, а тој ги обвини за пропаѓањето на претходните мировни напори. -Доколку...

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети пред посетата на Трамп на Јужна Кореја

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети од море до земја во водите покрај нејзиниот западен брег, објавија денеска државните медиуми, кратко пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Јужна Кореја. Ракетите беа успешно лансирани вчера над Жолтото Море западно од Корејскиот Полуостров, соопшти државните медиуми. Јужнокорејската војска сè уште не ги коментираше тврдењата на Пјонгјанг. Тестот се случува во време кога...

Џеј Ди Венс: Примирјето меѓу Израел и Газа останува на сила и покрај размените на оган во Газа

Примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас останува на сила и покрај обновените размени на оган во Појасот Газа, изјави синоќа американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, јави ДПА. - Примирјето се почитува. Тоа не значи дека нема да има мали престрелки тука и таму - рече Венс цитиран од американските медиуми. Израелската влада соопшти дека извршила воздушни напади во Газа како...

Уште едно пукање во близина на Ново Место во Словенија

По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и владини претставници кои презентираа мерки за борба против криминалот и „Законот на стрелецот“ по бруталниот напад во саботата во тој град, а по која се собра огромна толпа луѓе на плоштадот пред општинската зграда на протестен митинг, во ромската населба Жабјак се слушнаа истрели. Пукањето...

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка

Ураганот Мелиса вчера ја погоди Јамајка, предизвикувајќи поројни дождови и ветрови што ги поплавија градовите, уништија домови и ја прекинаа струјата на повеќе од половина милион домаќинства, поттикнувајќи ја владата да го прогласи островот за зона на катастрофа. Премиерот Ендру Холнес изјави за Си-ен-ен дека иако сè уште нема сигурни информации за жртвите, властите веруваат дека луѓето веројатно ги загубиле...

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје и Куманово

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи по извршените проверки. - Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на и-мејл адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта....

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска обвини дека Кина ѝ префрла машини за производство на оружје на Русија, повикувајќи го Пекинг да запре со оваа поддршка и да го искористи своето влијание за да ја поттикне Москва на мир. Зеленски, говорејќи на средба во Киев со холандскиот министер за надворешни работи, Дејвид ван Вил, потсети дека претходно добил уверувања од кинескиот...

Јамајка погодена од ураган со рекордна сила, Старлинк нуди бесплатен интернет за помош

Еден од најсилните урагани досега, „Мелиса“, пристигна до југозападниот брег на Јамајка со ветрови што достигнуваат брзина до 300 километри на час, што го прави најсилна бура некогаш регистрирана што ја погодила земјата. Досега се потврдени три смртни случаи. Американскиот национален центар за урагани (NHC) соопшти дека ураганот „Мелиса“ во моментов предизвикува „катастрофални ветрови, поројни поплави и бури од бранови“ додека...