Најмалку 27 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, главниот град на Тајланд.
Пожарот бил пријавен околу полноќ, а снимките од местото на несреќата покажуваат силен пламен како избива од влезот на објектот, додека посетителите во паника се обидуваат да избегаат. Над зградата се издигал густ црн чад.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул соопшти дека во пожарот животот го загубиле 27 лица, додека неколку десетици повредени се пренесени на лекување во болница.
Според надлежните служби, на пожарникарите им биле потребни околу 30 минути за да го локализираат и стават пожарот под контрола.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната и е предмет на истрага.
Фотографиите од местото на трагедијата покажуваат целосно изгорен ентериер, уништени маси и столови и големи материјални штети во ноќниот клуб.
































