Ноќеска на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе целосно изгорел патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор.


Инцидентот доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на јавноста по обвинението во кое Обвинителството тврди дека при претрес биле пронајдени околу 350.000 евра, додека Ристов ги негира обвинувањата и изјави дека со документација ќе докажува дека парите не се негова сопственост.Во овој момент не е познато дали постои каква било поврзаност меѓу пожарот и судскиот случај. Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврдува истрагата, а се очекуваат и официјални информации од Министерството за внатрешни работи.
































