Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје и Куманово
Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи по извршените проверки.
- Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на и-мејл адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта....
Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска обвини дека Кина ѝ префрла машини за производство на оружје на Русија, повикувајќи го Пекинг да запре со оваа поддршка и да го искористи своето влијание за да ја поттикне Москва на мир.
Зеленски, говорејќи на средба во Киев со холандскиот министер за надворешни работи, Дејвид ван Вил, потсети дека претходно добил уверувања од кинескиот...
Јамајка погодена од ураган со рекордна сила, Старлинк нуди бесплатен интернет за помош
Еден од најсилните урагани досега, „Мелиса“, пристигна до југозападниот брег на Јамајка со ветрови што достигнуваат брзина до 300 километри на час, што го прави најсилна бура некогаш регистрирана што ја погодила земјата.
Досега се потврдени три смртни случаи.
Американскиот национален центар за урагани (NHC) соопшти дека ураганот „Мелиса“ во моментов предизвикува „катастрофални ветрови, поројни поплави и бури од бранови“ додека...
УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично ја казни Шкендија во износ од 20.000 евра поради истакнување транспаренти што се спротивни на спортскиот дух, за време на минатонеделниот натпревар во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Конференциската лига.
Тетовскиот клуб соопшти вечерва дека официјално го примил решението од Дисциплинското, етичкото и контролното тело на УЕФА, во...
Дебата меѓу Мециновиќ и Ѓорѓиевски: Кандидатите за градоначалници на Скопје ги спротивставија ставовите
Двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на дебата на Канал 5 телевизија, вечерва ги спротивставија своите ставови.
Ѓорѓиевски изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи, вториот круг од изборите граѓаните ќе излезат...
Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и Куманово
Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на електронските адреси пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата.
-Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се...
Џонсон: Нема време за уставни измени за нов мандат на Трамп
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, денеска изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за уставните ограничувања и дека нема доволно време да се направат измени во основниот закон кои би му овозможиле на републиканецот да се кандидира за трет мандат.
Седумдесет и деветгодишниот Трамп вчера одби јасно да каже дека нема намера да се кандидира повторно,...
Притвор за двајца раководители од „Комунална хигиена“, сомненија за загрозување на животната средина
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието,...
Турција од увозник до светски фактор во одбранбената индустрија, вели Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на отворањето на воена фабрика за производство на најнова генерација тенкови и оклопни возила. На церемонијата, која беше пренесувана во живо на социјалните мрежи, беа официјално претставени и првите тенкови „Алтај“ од најновата генерација.
- За време на тестирањата, подобрениот модел поминал 35 илјади километри, покажал висока издржливост против мини и испукал 3.700 проектили,...
Португалија ќе ги заостри условите за добивање на државјанство
Десничарската влада на Португалија, која нема апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска постигна договор со ултрадесничарската партија за усвојување измени на Законот за натурализација на странците.
- Ќе имаме нов закон за државјанство, што значително ќе го зголеми времето потребно за имигрантите да добијат португалско државјанство - изјави лидерот на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Луза Уго Соареш.
За измените на Законот...







































