Фото: Пиксабеј

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Долж Повардарието се очекуваат повремени налети на ветер со брзина до 50 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Според прогнозата, во вторник ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност и засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во среда, пак, во попладневните часови се очекува локална нестабилност со дожд и грмежи.