ОДБОЈКА
Втората акција на женската одбојкарска репрезентација на Македонија летово е настапот на 20. Медитерански игри (МИ), кои од 21 август до 3 септември треба да се одржат во Таранто (Италија). Селекторот Милош Гавриловиќ објави список со 16 одбојкарки, од кои три интернационалки, кои конкурираат за настапот во Таранто. Новиот список има одредени промени, споредено со оној за годинашната Европска лига (ЕЛ), а една од причините е што дел од помладите репрезентативки во истиот период ќе имаат обврски со македонската репрезентација во Зонските квалификации за Европското првенство до 20 години во 2027 година, пишува Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 27 јули.
Македонија на МИ ќе игра во групата Б, со Турција, Грција, Алжир и со Косово, а во групата А се Италија, Србија, Египет, БиХ и Сирија. За женската репрезентација на Македонија ова ќе биде втор настап во низа на МИ откако претходно настапи во Алжир, во 2022 година.
Состав: Ерјона Јонузи, Јана Балов, Софија Пандева, Мери Бошковска, Андротеа Милевска, Мила Дикова, Љиља Ковачевиќ, Ана Фасулева, Добрина Хаџитосева, Кариа Трифуновска, Тамара Атанасова, Ива Стојкоска, Марија Василевска, Стефанија Кипријановска, Емилија Попјордановска, Надица Антеска. Г.И.


































