Фото: Пексел

АТЛЕТИКА – ДИЈАМАНТСКА ЛИГА ВО МОНАКО

  • Кенискиот атлетичар Емануел Вањоњи (21) го собори долгогодишниот светски рекорд за мажи на 1.000 метри на своето деби на ретко трчаната дистанца, во рамките на митинг од Дијамантската лига, во Монако, со време од 2:11,83 минути, пишува „Би-би-си“. Вањоњи, кој е актуелен олимписки и светски шампион во дисциплината 800 метри, го собори претходниот рекорд за 13 стотинки, кој беше поставен од неговиот сонародник Ноа Нгени, во 1999 година. Следниот митинг од Дијамантската лига на програмата е в сабота, во Лондон. Г.И.