Поранешниот еврокомесар за правда Дидие Рејндерс обвинет за перење пари
Поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку белгиски влади, Дидие Рејндерс е официјално обвинет за перење пари, откако бил сослушан од истражните органи на 16 октомври, објавија синоќа бриселските медиуми.
Обвинението против Рејдерс е покренато поради сомнежи дека „перел“ пари со сомнително потекло, на тој начин што најчесто со готовина купувал т.н. „е-билети“ за игри на среќа. Вредноста...
Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес - Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново, информира АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор...
Во пожар во Дом за пензионери во Тузла загинаа 11 лица, 35 се повредени
Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а 35 се повредени. Меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина.
Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за...
Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик, информираше ОЈО.
- Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му...
Две лица загинаа а три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман
Денеска околу 17 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп - Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР.
Оттаму соопштија дека...
Истрага за несреќата во која вчера беше прегазен велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираше попладнево Основното јавно обвинителство.
- На 3 ноември, управувајќи автомобил „Фолксваген пасат” по булеварот...
Ќе направиме сè за да седнеме како рамноправни на масата на ЕУ, порача Рама
Албанскиот премиер Еди Рама, кој како што објави поради оправдани причини не допатува денеска во Брисел, реагираше преку платформата Х околу Извештајот на Европската комисија за неговата земја.
Во документот ЕК го оценува континуираниот напредок на владата „Рама 4“ кон ЕУ, но повикува темпото на реформите, кое мора да биде сеопфатно, да не се запира.
Во објавата Рама пишува дека ќе...
Поради сообраќајка, сообраќајот на патот Прилеп-Градско се одвива наизменично
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Градско од 17:10 часот беше во прекин, а сега се одвива наизменично, поради сообраќајна незгода.
- На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата -...
Силјановска Давкова го прими извештајот на ЕК за Македонија
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени, информираат од Кабинетот на Силјановска-Давкова.
Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот,...
Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност, порача Кошта
Во ерата на геополитичка неизвесност и економска нестабилност, една проширена Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа, дома и во светот, па затоа проширувањето е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме денес за нашата иднина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на Самитот за проширување на ЕУ организиран од Еуроњуз.
- Ако го прочитате денешниот...








































