ПЕТ ФУСНОТИ, НИЗ КАФЕ-МУАБЕТ СО ПРИЈАТЕЛОТ

1. Авторот често разговара со себе за она што го пишува, а и инаку, кога молчи, во него пулсираат, наизменично, и бунтовни и кротителски решенија. Ова не го велам да ја нагласам макотрпноста на писателскиот труд. Спротивно, пишувањето, кога ќе тргне, умее да го израдува писателот со инспиративната мелодија на создавањето. Пишувањето е и преиспитување на сопствениот внатрешен свет во...

Наградата „Ладислав Баришиќ“ доделена на Иванка Апостолова Баскар

Комисијата за доделување на наградата „Ладислав Баришиќ“ на здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“, во состав Елена Велјановска, Горанчо Ѓорѓиевски и Зоран Петровски, по разгледувањето на поднесените предлози донесе едногласна одлука наградата да ѝ ја додели на д-р Иванка Апостолова Баскар за истражувачкиот проект „Вознемирен критичар - вознемирувачка критика – немирна ликовност“. Во донесувањето на одлуката, комисијата констатираше дека по...

Историскиот континуитет во борбата помеѓу врховизмот и антиврховизмот, кој трае повеќе од 150 години, е фасцинантен сам по себе

Димитар Тодороски, автор на монографијата „Врховистите и македонското револуционерно движење 1903–1905“ Ова истражување го опфаќа периодот од 1903 до 1905 година, непосредно по Илинденското востание, кога се случиле клучни промени во односите меѓу македонските револуционерни организации и Бугарија. Иако временски краток, овој период се покажа исклучително плоден за разбирање на врховистичката активност, нејзината политичка заднина и трансформацијата кон неоврховизам....

Храбро и одлучно

(Кон шоукејсот „Под 600“ на независната театарска група „Штрих“, од 25 до 28 септември, во Скопје) Големиот театарски маг Питер Брук еднаш рекол: „Театарот секогаш е самодеструктивна уметност и секогаш е напишан на ветер“. Вистината во оваа негова контроверзна сентенца е во моментот кога театарот како синтетичка уметност во рамките на некакви околности или временски недоразбирања станува цел сам...

Лихнид – Охрид: Духовната престолнина на Македонија (петти дел)

Мистична Македонија: Музеј под отворено небо Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Добре дојдовте во Македонија, земја на волшебни предели, богата историја и уникатни знаменитости. Во овој фељтон ќе ви ги претставиме природните ресурси,...

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, рече Алиу

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. - За жал, исто...

Еден од единаесетте кандидати за судија во Стразбур веќе привлекува внимание во Советот на Европа

СЕДУМДЕСЕТ И ПЕТ ГОДИНИ ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА И СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Процесот за избор на судија што ќе ја претставува Република Македонија во Европскиот суд за човекови права полека влегува во завршна фаза, а вниманието на дел од дипломатските и новинарските кругови во Стразбур веќе се насочува кон еден од кандидатите - адвокатот Тони Менкиноски Во моментот кога Советот на...

Крај и за политичката доктрина на СДСМ со која ја деноминираше својата татковина

Во вчерашниот број на „Нова Македонија“, во првиот дел од серијалот „Историска нужност“, ги анализиравме фактичката состојба и последиците од политиките на ДУИ и особено од практикувањето на таквите политики од страна на лидерот на таа политичка партија, Али Ахмети. Таа групација доживеа сериозна казна од страна на политичкиот суд на граѓаните, не само поради политичките определби што континуирано...

Кризата со буџетот во САД е најдолга во историјата

Американскиот Конгрес веќе 36 дена е без одобрен федерален буџет, што е најдолг временски период во историјата на САД. Претходно, најдолгата криза од ваков тип се случи за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, оставајќи многу федерални операции во голема мера запрени повеќе од пет недели во периодот на крајот од годината 2018-2019. Колку долго ќе трае кризата зависи...

Новиот градоначалник на Њујорк, Мамдани порача дека ќе стави крај на „културата на корупција“

Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп. Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија ја доби трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и претставникот на Републиканската партија на Трамп - Кертис Слива. - Ќе ставам крај на „културата...