Нови собири пред Собранието на Србија: Студенти со шатори заминуваат за Белград за да ја поддржат Хрка

Ситуацијата во центарот на Белград е мирна, каде веќе четврти ден Дијана Хрка, мајка чиј син загина лани при уривањето на бетонската настрешница во Нови Сад лани, штрајкува со глад пред Народното собрание барајќи ја вистината за смртта на нејзиниот син, како и распишување вонредни парламентарни избори. Во знак на нејзина поддршка сѐ повеќе луѓе од претпладнево се собираат за...

Алиу: Во тек се бројни проекти за зајакнување на капацитетите во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на четвртата годишна конференција за здравство во организација на Американската стопанска комора АмЧам, која годинава е посветена на темата „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство, што МИА го пренесува интегрално. Во своето обраќање министерот Алиу се осврна на повеќе тековни проекти...

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација

Министерството за образование и наука објави повици за доделување средства во основните и во средните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција...

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик - 5 Ноември. Како што соопшти МОН, Јаневска на настанот им го честитала на припадниците на...

Туфегчиќ за Онкологија: Сведоците изнесуваат свои лични перцепции на работите, докази нема

Во недостаток на аргументи и докази за кривичното дело кое ѝ се става на товар на Симонида Црвенкова, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации, вели адвокатот Владимир Туфегчиќ, бранителот на онокологот Црвенкова, обвинета во случајот Онкологија 1, за несовено лекување на пациенти. Прашан за коментар на изјавата на еден од оштетените...

Народна банка: Во 2025 година се очекува економскиот раст да изнесува 3,5 отсто

За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка. Се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе биде 4,2 процента од БДП што е проширување на дефицитот во однос на претходната година. Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено повисок дефицит на тековната сметка наспроти...

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината сослушани...

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Најмалку пет луѓе се повредени откако возач намерно влетал на повеќе пешаци и велосипедисти на францускиот остров Олерон. Напаѓачот е уапсен откако се обидел да го запали сопствениот автомобил во кој се пронајдени плински боци. Тој за време на апсењето извикувал Алах акбар. Според локалните власти, 30-годишниот напаѓач е француски државјанин и е познат по бројни испади, особено по редовното консумирање...

ЕК усвои планови за развој на брзи железници и за инвестиции во еколошки горива

Европската комисија денеска усвои сеопфатен пакет за транспортниот сектор, кој предвидува забрзување на воспоставувањето на европска мрежа на брзи железници и поголеми инвестициите во обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај. Како што соопшти ЕК, целта на овој пакет е обезбедување на поефикасен, поврзан, лесно достапен, чист и отпорен транспортен систем...

Лашкоска од Будимпешта: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, на покана од Владата на Унгарија, во Будимпешта учествуваа на високиот сегмент на Седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје, организирано заеднички од Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа (WHO/Europe). Оваа...