За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје, порача Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од вчерашната акција за чистење на градот Скопје, од брзата мобилизација за таа акција да се реализира. Можеби, вели тој, делува смешно да се зборува за чистење смет во 21 век, но вели некој го донел градот во ваква состојба.
-Ова беше политичка стратегија на опозицијата да преку неработењето на претходната градоначалничка нанесе штета пред...
Од Зелениково до Скопје со градски воз за 25 минути
Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, прва фаза од проектот „Градски воз“, најави денеска Синиша Ивановски, директор на Јавното претпријатие „Железници Инфраструктура“, при увидот на ремонтните активности во присуство на премиерот...
ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8
Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што се случи вчера на Железничката станица Ѓуешево.
Од Министерството за транспорт соопштија дека на Х мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша оти изградбата на железницата е поттик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната...
„Матица македонска“ објави ново издание со расказите на Чехов
Книгоиздателството „Матица македонска“ објави ново издание со расказите на големиот Антон Павлович Чехов во превод на македонски јазик. „Човек во футрола“, „Смртта на чиновникот“, „Мала шега“, „Ноќ спроти Велигден“, „Патник со прва класа“ и редица други антологиски раскази на најзнаменитиот претставник на рускиот натурализам повторно се достапни за македонските читатели. И новите генерации имаат можност да прочитаат дел од...
Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 19 ноември во „Синеплекс“
„Утре наутро“, според Јани Бојаџи, е политичка драма во која тој ги опсервира луѓето што ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние.
- Мене живо ме интересира кои се луѓето што ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани што се случиле меѓу 2014 и 2017...
Што го открива замастениот црн дроб и кои природни еликсири се најдобри
Медицински совет
Редовна физичка активност, урамнотежена исхрана и избегнување алкохол се најдобра заштита од замастен црн дроб. Лекарите советуваат и редовни лабораториски контроли на ензимите на црниот дроб, бидејќи раното откривање е најдобриот пат кон целосно закрепнување. Замастениот црн дроб често е „тивка болест“, што значи дека во почетните фази може да не испраќа никакви сигнали. Обично се открива случајно...
Изненадувачки причини зошто можеби секогаш сте уморни
Во денешното темпо, повремениот замор е очекуван, но кога исцрпеноста трае со недели и го менува секојдневието, зборуваме за хроничен замор со јасни последици по здравјето и благосостојбата. Немојте да го игнорирате проблемот и да го решавате со енергетски пијалаци, кафе или чоколадо. Таквиот проблем е нешто на кое треба да обрнете внимание.
Доколку се прашувате зошто секогаш сте исцрпени,...
Тенки и со голема глава – дали така ќе изгледаат идните суштества
Крајот на Земјата е извесен - како и фактот дека нашата генерација нема да го доживее тоа. Па, ако таква катаклизма се наоѓа пред нашите очи, како ќе изгледаат тие идни суштества што ќе мора да го гледаат распадот на нашата сакана планета? Научниците се обидуваат да дадат едноставен одговор на ова фасцинантно и сложно прашање, а науката не...
Десет современи филмски режисери што го променија хорор-жанрот
Анализа
Во последните петнаесет години, хорор-жанрот претрпе тивка но длабока трансформација. Од некогаш потценет и сметан за Б-категорија, хоророт стана уметничка форма што се прикажува на Канскиот фестивал, влегува во трката за „Оскар“и инспирира филмски дебати.
Наместо евтини сцени за плашење и предвидливи убиства, денешниот хорор зборува за колективната анксиозност, семејните трауми, социјалната нееднаквост и длабоката несигурност на модерниот човек.
Издвојуваме листа...
Гостување на мандолинскиот квартет на Македонското културно друштво „Стоби“ од Сплит
Викендов во Македонија на културно-уметничка турнеја гостува мандолинскиот квартет на Македонското културно друштво „Стоби“ од Сплит, Хрватска, во рамки на програмата „Фестивал на литература и музика СМОШ 2025“. Според најавата квартетот утре ќе настапи во градскиот музеј на градот Тетово, а во недела, по прием во Амбасадата на Република Хрватска во Скопје, ќе се претстават во Музејот на Македонската...








































