Мицкоски очекува следната година нивото на инфлација да се движи меѓу два и три проценти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната ставка на инфлација оваа година да заврши меѓу три и пол и четири проценти, што, според него, е едно од најниските во Европа и во регионот. Истовремено тој изрази очекување дека следната година нивото на инфлација ќе се движи меѓу 2 и 3 проценти.
Од друга страна, премиерот...
Македонија се позиционира како активен и кредибилен партнер во трансатлантската енергетска рамка, вели Божиновска
Присуството на Македонија меѓу енергетските лидери од ЕУ, САД и регионот е јасен показател дека нашата држава се позиционира како активен и кредибилен партнер во трансатлантската енергетска рамка, истакна за МИА министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по завршувањето на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Атина. Таа посочи дека нашата земја...
Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт, потенцираше Ѓорѓиевски
Од денеска во функција ќе бидат ставени 60-тина приватни автобуси кои ќе го олеснат транспортот на скопјани, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, при денешниот увид во градежните активности поврзани со проектот „Градски воз“.
– Кога се зборува и за јавниот транспорт, сакам да напоменам дека веднаш после овој настан имаме средба со приватните превозници. Како што најавив, од...
Владата ќе именува повереници во општините каде не беа избрани градоначалници
Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници на локалните избори, но, откако Државната изборна комисија официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави информација до неа. За персонални имиња, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, се уште не се водени разговори со коалициските партнери.
-Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја...
Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од обвинителството, на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште...
Констатирани мандатите на тројцата нови пратеници во Собранието – Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов
До почетокот на наредната недела ќе биде комплетиран парламентарниот состав по изборот на неколку пратеници за градоначалници на локалните избори одржани на 19 октомври и 2 ноември. Собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатира мандатите на новите тројца пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој...
Даме Димитровски е нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако рекоа дека сепак, ќе го...
Пет лица осомничени за корупција, Мицкоски вели дека такво однесување нема да се толерира
Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично...
Градски воз станува реалност, истакна Николоски
Станува реалност проектот Градски воз, со реконструкцијата што стартуваше на првата делница од Зелениково до скопската железничка станица, а со ремонтните активности на железничката делница од Драчево до Илинден ќе се зголеми карго сообраќајот.
Ова го изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и градоначалникот на...
Советот ќе ги носи одлуките со консензус и само во интерес на Скопјани, порача Ѓорѓиевски
Денес стоиме пред почеток на едно ново, убаво поглaвје за нашиот главен град. Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин со кој испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон стабилен, функционален и одржлив...








































