Очекувам догодина нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти, изјави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната ставка на инфлација оваа година да заврши меѓу три и пол и четири проценти, што, според него, е едно од најниските во Европа и во регионот. Истовремено тој изрази очекување дека следната година нивото на инфлација ќе се движи меѓу 2 и 3 проценти. Од друга страна, премиерот...

Средба Стерјовски – Дер Вале: Заеднички ангажман и европска поддршка за правично општество за сите малцинства во Албанија

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Леуварден, Холандија се сретна со европратеничката Ракел Гарсија Хермида ван дер Вале. -Посебна чест и задоволство беше да остварам средба со почитуваната  европратеничка, Дер Вале, која е голем поддржувач на правата на малцинствата во Европскиот парламент. На средбата ја запознав со положбата на малцинствата,...

Алиу: Вештачка интелигенција за подобра дијагностиката, пилот – фаза за телемедицина

Примената на вештачка интелигенција има голем потенцијал да ја подобри дијагностиката, персонализираната медицина, откривањето нови лекови и молекули кои ќе овозможат одредени болести многу подобро да се лекуваат со помалку нус појави. Исто така, таа ќе помага во намалувањето на времето коешто лекарите и медицинскиот персонал го трошат на административно работење. Ова се дел од заклучоците од овогодишното издание...

САД и Унгарија договорија изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски природен гас за 600 милиони долари

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите насочени кон руската нафта и гас, по средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот Доналд Трамп. По средбата со Трамп, Орбан посочи дека Унгарија обезбедила „општо, неопределено ослободување“ од купување руска нафта и природен гас преку своите два главни цевководи. Официјален претставник на Белата куќа ја потврди одлуката, истакнувајќи дека, покрај...

Ердоган: Победата на Азербејџан во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир

Победата на Азербејџан во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на азербејџанските и ерменските лидери, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека Турција ќе стори сè што е потребно, јави новинската агенција Анадолија. Анкара ја гледа победата на Баку не како крај, туку како пресвртна точка на патот кон траен мир на Кавказот, рече...

На патарините наплатени 58 милиони евра за девет месеци

Од јануари до септември годинава, на патарините низ државата наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар, а во летните месеци, кога е највисока фреквенција на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни. Според ЈПДП, најпрофитабилна била наплатната станица Романовце,...

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти Стејт департментот, опишувајќи ги односите меѓу двете земји како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“, јавија светските новински агенции. „Вестингхаус“, компанија со седиште во САД, ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата. Договорот беше објавен...

Објавена „Фобос“ – дебитантско дело на Соња Станковска

Од печат излезе романот „Фобос“, дебитантско дело на Соња Станковска, во издание на издавачката куќа „Или-или“. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА, како 240. книга, а во оваа едиција досега се објавени и многу други дебитантски книги на сега веќе етаблирани македонски автори. Издавачот „Или-или“ силно верува во книжевниот потенцијал на Соња Станковска, па за 2026 година во план...

Во што е тајната на јогата

Нега и убавина Доколку ја гледаме површно, можеме да кажеме дека јогата е пасивна, за оние што воопшто не сакаат да се рекреираат. Всушност, таа не е спорт туку дисциплина, која е многу повеќе од физичко ангажирање. Јогата е толку универзална што секој пат што води до самоспознание може да се нарече јога. Не е важно дали чекориме по овој...

Книжевна дружба со Ивана Хаџиевска во Прилеп

Литературно-издавачката дејност при НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп за денеска, од 18.30 часот, во фоајето од центарот најавува промотивна дружба и разговори со Ивана Хаџиевска, инспирирани од нејзината збирка есеи „Суспендирана итност“. - Хаџиевска посочува на очајното ниво на македонската и балканската историографија и политика на сеќавање, при што, наместо повеќе да се работи на разбирањето на...