Цените на суровата нафта пораснаа за речиси три проценти откако САД изведоа нови напади врз Иран, по информациите дека Техеран нападнал три брода во Ормускиот Теснец.
Утрово цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, се зголеми за 2,6 проценти и достигна 76,09 долари за барел. Истовремено, цената на американската референтна сурова нафта порасна за 2,6 проценти и изнесува 72,25 долари за барел, пренесуваат американските медиуми. Тие потсетуваат дека цените неодамна паднаа на нивото пред почетокот на војната со Иран на крајот на февруари.
На валутните пазари, американскиот долар се зајакна на 162,38 јапонски јени, додека еврото остана стабилно на 1,1414 долари.

































