Ѓоковиќ ја забележа 101-та турнирска победа

ТЕНИС Новак Ѓоковиќ одлучи да не игра на АТП-финалето во Торино (Италија), а неговото место ќе го заземе Италијанецот Лоренцо Мусети, кого го победи во финалето на АТП-турнирот од серијата 250 во Атина (Грција), во саботата. Тој победи со 4-6, 6-3, 7-5, во дуел во кој имаше 13 брејк-топки и пет брејка на сервис само во одлучувачкиот сет, пишува Асоцијацијата...

Титулата за Рибакина со рекордна награда

ТЕНИС - ЗАВРШЕН ВТА-ТУРНИР ВО РИЈАД Казахстанката Елена Рибакина ја освои најголемата награда во историјата на женскиот тенис, победувајќи ја светската тенисерка број еден Арина Сабаленка од Белорусија во два сета во финалето на ВТА. Рибакина победи со 6-3, 7-6 (7-0) на турнирот во Ријад (Саудиска Арабија). Бидејќи двете тенисерки го поминаа турнирот непоразени, понудениот награден фонд беше рекордни 3,98...

Можно ли е создавање европска ЦИА?

Бриселски иницијативи за формирање европска централизирана разузнавачка служба Разузнавачките агенции од одредени земји членки на ЕУ, сакајќи да ги надминат децениските недоверби меѓу безбедносно-разузнавачките служби, почнуваат конкретни иницијативи да градат таква заедничка служба. Оваа иницијатива е мотивирана и од две дополнителни причини: 1. Разузнавачки тајни операции против Русија; 2. Амортизирање на американската каприциозност во поддршката на европските држави на...

Десет медали за македонските каратисти

МЛАДИНСКО БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО Помладиот сениор Данило Божовиќ во тежинската категорија до 84 кг, во дисциплината борби, се закити со злато и стана балкански првак Македонската младинска карате-репрезентација, која има 74 натпреварувачи, освои десет медали по двата натпреварувачки дена на Балканското првенство (БП) за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година) во борби и во кати (поединечно и екипно),...

Ѓорѓија Пулевски – еден од највеликите бранители на македонштината

Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ Во македонската историска меморија Ѓорѓија Пулевски останува вечно запаметен како еден од највеликите дејци кои оставиле неизбришлива трага во развојот на македонската културна мисла, но и како еден од најголемите бранители на македонските интереси во втората половина на 19 век. Во минатото, односно во периодот 1945-1991 година, одредени аспекти на дејноста...

Олимписка бронза со златен блесок

Од историјата на борењето (10) Могамед Ибрагимов е единствениот борач што освои олимписки медал за Македонија по осамостојувањето. Тој беше трет на најголемиот спортски собир во Сиднеј во 2000 година Во минатото, пред распадот на поранешната држава, Македонија во составот на југословенската репрезентација имаше освојувачи на медали со кои се гордеевме. Потоа дојде моментот кога по осамостојувањето најголемата радост ни...

Дербито на првата табла за Хаџи-Манев

ВЕТЕРАНСКИ ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ - ТРЕТ ТУРНИР Илија Стошевски и ФИДЕ-мајсторот Љубомир Хаџи-Манев водат со по два поена по две кола на третиот турнир со класично темпо на игра Илија Стошевски (2.045, рангиран трет пред почетокот на турнирот) и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Љубомир Хаџи-Манев (1.965, шести) водат со по два поена по две кола на третиот турнир со класично темпо (90 минути,...

УЕФА за шест месеци ќе ги открие плановите за квалификациите на ЕП и на СП?

ФУДБАЛ Новата ЛШ беше успешна минатата година, бидејќи лигата со 36 екипи со една табела беше понепредвидлива од традиционалната групна фаза. Претседателот на УЕФА, Чеферин, беше прашан на Фудбалскиот бизнис-форум во Милано дали тоа би можело да биде и патот за квалификациите за репрезентациите. „Не“, рече тој цврсто. Кога беше прашан кога ќе бидат откриени новите планови, тој додаде:...

Да си фатиме сопствен пат со автономно обликувани суверени политики

Дваесетте години од добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ како повод Од „лидери“ и „ѕвезди“ останавме заглавени во европската чекалница зашто ЕУ се претвори, како во случајот со Грција, така и сега, „добра мајка“ за Бугарија, а „лоша маќеа“ за Македонија. Сега, Урсула фон дер Лајен, Марта Кос, Каја Калас, Антонио Кошта и Теодорос Русопулос бараат „ништо помалку...

Макронизмот пред испраќање во историјата

Анкета на „Фигаро“: Мнозинството Французи се за заминување на претседателот Макрон од политиката Низата од негативни бројки дополнително го ослабува наследството на макронизмот. Покрај тоа, големо мнозинство од земјата (86 отсто) не верува дека оваа школа на размислување ќе го преживее заминувањето на Емануел Макрон од претседателската функција, бидејќи, според Уставот, тој не може да се кандидира за трет...