Симон Трпчески, Елена Атанасовска Ивановска и Катерина Ќетковиќ Фидановска во жири за изборот Млад пијанист на годината
За првпат во Македонија, во рамките на Меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“, се организира избор на Млад пијанист на годината на Македонија за 2025. Овој настан, според м-р Светлана Димитриевска, раководител на одделот за пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и еден од организаторите на натпреварот, ќе донесе нова свежина на полето на музичката култура и уметност, ќе биде поттик...
Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ почнува утре
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.
Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со...
Зеленски утре заминува во Турција за да ги обнови разговорите за завршување на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека утре ќе отпатува во Турција за да ги обнови разговорите за ставање крај на војната во Украина, која трае повеќе од три и пол години.
Тој ќе отпатува во Турција по денешната посета на Шпанија.
- Се подготвуваме да ги обновиме преговорите и развивме решенија што ќе им ги понудиме на нашите партнери. За Украина...
Исламистичката закана се преобразува, но останува со висок интензитет
Од анализата на шефот на француската ЦИА, Никола Лернер, за предизвиците на исламскиот фундаментализам, десет години по терористичките напади во Париз
Во ексклузивно интервју за „Фигаро“, шефот на Генералниот директорат за надворешна безбедност (ДГСЕ), Никола Лернер, ги анализира новите опасности и работата на разузнавачките служби, чиј состав се зголеми за повеќе од 1.000 лица од 2015 година
Десет години по...
Турнирите на кандидатите ќе се играат на Кипар
ШАХ - ФИДЕ
Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека Турнирот на кандидатите за 2026 година и Турнирот на кандидатките ќе се играат на Кипар. Турнирот е последниот квалификациски чекор во циклусот за Светското првенство. Турнирот е закажан од 28 март до 16 април 2026 година. Овој настан првпат беше организиран во 1950 година и оттогаш го привлекува вниманието на шаховски...
Кубанската ракетна криза од времето на Студената војна пред повторување во Венецуела?
Геополитичката спротивставеност меѓу светските сили отвора ново жариште на Карибите
Во заднината на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да не испорача ракети „томахавк“ за Украина, руските аналитичари гледаат едноставна и долгорочна пресметка. Вашингтон, тврдат тие, проценил дека секој таков потег би отворил пат Москва да ја снабдува Венецуела со свои ракети со долг дострел - „орешник“. Со други...
Ален Рустемовски го освои „Златниот гонг“
БОКС
Рустeмовски стигна до трофејот по извонредната борба и техничката супериорност во рингот на дуелот со Англичанецот Џозеф Тарнер
Боксерот на клубот Пелистерски јунак и македонски репрезентативец, Ален Рустемовски, кој настапи во категоријата до 60 килограми, е победник на традиционалниот меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, кој по 54-ти пат се одржа викендов во Скопје. Рустeмовски стигна до трофејот по извонредната...
Куси, игриви и едукативни приказни што ја будат детската фантазија
Писателот Владо Димовски со нова книга одбележува 45 години творештво
Излезе од печат книгата „Мали приказни за големи сонувачи“, со која нашиот познат писател за деца Владо Димовски одбележува 45 години творештво.
Со оглед на тоа што голем дел од опусот на писателот Димовски е посветен на приказните, оваа книга, чиј издавач е „Поинтер“ од Скопје, претставува избор од претходно објавените...
Со книгите „Орхан“ и „Децата од нашата улица“ пораснаа многу генерации
Во спомен на писателот за деца Неџати Зекирија
На 11 ноември 1928 година во Скопје е роден македонскиот писател за деца од турска националност Неџати Зекирија. Починал во Сремска Каменица, Србија, на 10 јуни 1988 г. Тој е поет, раскажувач, преведувач и новинар. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил уредник на списанието на турски јазик „Бирлик“ во рамките на...
Ема Незири ги поздравува врсниците со состав и цртеж за есента
Вие ни пишувате
Ема Незири е ученичка во 3-а одделение во ОУ „Христијан Тодоровски- Карпош“ во Скопје. Таа зборува македонски, чешки и англиски јазик, многу сака да чита и да црта, а во слободното време оди и на балет.
Своите врсници од цела Македонија што го читаат „Колибри“, таа ги поздравува со состав и цртеж за есента.
Есен
Денес Изабела излезе надвор и...








































