Фото: Принт-скрин

Италијанскиот вулкан Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, синоќа еруптираше на спектакуларен начин, осветлувајќи го небото во ноќта со светло-црвена растопена лава.

Ерупцијата, со центар на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метри, напласти пепел и облаци од чад на надморска височина од 8.000 метри, јави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Светските медиуми пренесуваат дека сѐ уште нема извештаи за повредени и материјална штета.

Вулканот, висок 3.330 метри, еруптира и до неколку пати годишно, исфрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров Сицилија.

Најголемата ерупција на овој вулкан се случи во 1992 година.