Вулканот во Мексико еруптираше и исфрли камења кои одлетале на оддалеченост од 1,6 километри, соопшти мексиканската Национална служба за цивилна одбрана.

По ерупцијата, над вулканот се издигнал пепел во висина од три километри.

Вулканот Попокатепетл е висок 5.426 метри и е активен последните месеци. Околу 25 милиони луѓе живеат во круг од околу сто километри од вулканот кој се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.