Снимањето на седмиот дел на „Невозможна мисија“ привлекува внимание во Норвешка. Норвежанецот Томас Холанд Спанџело на социјалната мрежа тикток објавил видео на кое се забележува како филмската ѕвезда на „Невозможна мисија“, Том Круз, седи на воз во движење, за време на снимањето.

Видеото е снимено од автомобил што се движел по патот во близина на пругата каде што се снима филмот. На видеото Круз седи на покривот на возот во движење и смееќи го поздравува набљудувачкот.

Филмската екипа и Круз сега се наоѓаат во планинската област Мор и Ромсдал во Норвешка. Снимањето на „Невозможна мисија“ беше прекинато во март, откако ковид-19 се прошири низ Италија каде што во тоа време се снимаше, за да продолжи по пауза од седум месеци, во Норвешка. Како резултат на одложувањето на снимањето, премиерата на филмот е најавена за ноември в година.