Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) од базата „Ванденберг“ во Калифорнија ја лансираше ракетата „Делата 2“, која во Вселената го однесе инструментот „Ајссат-2“, чија задача ќе биде да го мери топењето на мразот на Земјата.

– Оваа мисија е исклучително важна за науката, изјави раководителот на програмата на НАСА, „Ајссат-2“, Ричард Слонакер.

Претходната слична мисија на НАСА, „Ајссат“ траеше од 2003 до 2009 година, од кога агенцијата нема орбитален уред со кој би ја мерела дебелината на ледената покривка на Земјата.

„Ајссат-2“ е опремен со ласер, што ќе ја мери дебелината на мразот, но нема да предизвикува негово топење, бидејќи зракот ќе биде емитуван од 500 километри над површината на Земјата.

Резултатите од овие мерење ќе им овозможат на научниците да утврдат како топењето на мразот на Земјата влијае на покачувањето на нивото на океаните.

Предвидено е мисијата „Ајссат-2“ да трае три години, но уредот има доволно гориво да фунционира и до една деценија, доколку биде донесена одлука за продолжување на програмата.