Легендарниот актер Ентони Хопкинс (82) додека е во изолација целосно и се посвети на уметноста, како на музичката, така и на ликовната.

Пред неколку дена, во друштво на мачорот Нибло свиреше на пијано.

– Нибло се грижи да останам здрав и бара за возврат да го забавувам…мачки – напиша сер Ентони Хопкинс.

Потоа, тој покажа и каков сликар е.

– Здраво на сите. Ви благодариме за дарежливите коментари, добрите желби. Како што можете да видите, јас сум во изолација. Имам 82 години и правам многу работи.Меѓу другото, сликам. За жал, мојот мачор Нибло не ја оправдува оваа работа. Веројатно смета дека е подобар сликар од мене – рече познатиот уметник и ги покажа своите слики.

View this post on Instagram

Day 10 of self-imposed quarantine…??‍♂️?

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on

Тој ги одушеви своите обожаватели и пријатели со својата нова снимка.

– Биди добро, Тони. Продолжи да нè инспирирш – напиша неговиот колега Енди Гарсија.