Јозеф Коберл во австискиот град Мелк го срушил сопствениот рекорд за најдолг контакт на целото тело со коцки мраз, пренесува агенцијата „Асошијетед прес“.

Коберл успеал да остане 2 часа, 30 минути и 57 секунди во стаклена кутијаисполнета со коцки мраз до неговите раменици. Повеќе од 200 килограми коцки мраз биле потребни за да се наполни кутијата, откако Кеберл зачекори внатре носејќи ништо друго освен гаќи за капење.

Според изјавата на неговиот тим, личниот рекорд на Коберл исто така е и светски рекорд кога станува збор за изложување на телото на мраз, колку што е можно подолго.

Со цел да се избори со „бранот на болка“ предизвикан од ледени температурите, Киберл објаснил дека се обидувал да се фокусира на позитивни емоции.

– Јас се борам против болката визуелизирајќи и привлекувајќи позитивни емоции за да можам да го ублажам овој бран на болка. На тој начин можам да издржам – им рекол Коберл на новинарите.

Малкумина гледале како Коберл го надминал за 30 минути сопствениот рекорд од 2019 година, на градскиот плоштад во Мелк.

Коберл планира да го победи сопствениот рекорд уште еднаш, следната година во Лос Анџелес.