Оценката за првите 100 дена кај народот секако е поделена. Екстремните крајности би оцениле едни со 5+, а други со 1. Ако дозволите „фази сет калкулус“ (алатка на субјективна математика кај вештачката интелигенција), би се одлучил за 4. Тројка не би дал, бидејќи тоа е средина, значи непомрднување. Рековме дека помрднување има, особено во ресорите транспорт, образование и МВР, со „колоритни“ коментари од народот
Како што реков претходно, јас не претставувам овде ставови на некоја партија, институција, универзитет, етникум, а ниту пак себеси. ОБРАТНО ОД ДЕКАРТ велам „ако мислам партиски – значи не постојам“. Јас овде ја претставувам „чаршијата“ – тоа што го зборува обичниот човек – на улица, продавница, автобус, редица или дури и некое озборување. Иако сум дете од антика – јас сум дете на улицата. Растеше Скопје, растев и јас. Се здроби Скопје (земјотрес), бев здробен и јас. Мислите дека тоа не е важно? Добро. Терајте како и до сега, што би рекол Али Ахмети и вели дека без Албанци не можеме (се согласувам – зошто – друг пат). Оценката за првите 100 дена кај народот секако е поделена. Екстремните крајности би оцениле едни со 5+, а други со 1. Ако дозволите „фази сет калкулус“ (алатка на субјективна математика кај вештачката интелигенција), би се одлучил за 4. Тројка не би дал, бидејќи тоа е средина, значи непомрднување. Рековме дека помрднување има, особено во ресорите транспорт, образование и МВР, со „колоритни“ коментари од народот. Премиерот Мицкоски се држи (со „дожд“ од удари внатре и надвор), а мојата пријателка од детство, претседателката Гордана Силјановска има прекрасни идеи и знаења…, богами некогаш ме потсеќа на Роберт Бадентер, Ричард Поснер, Ервин Чемерински, Лорета Линч, Амос Акерман итн. Покажа Давидова храброст, но прими два солидни аперката од Бугарија и Грција, два големи боксери т.е. ентитети. Третиот аперкат може да доведе до кома – исто како во спортовите и војните.
Македонија не е во војна, ама ако го споиме спектрумот на историјата и сликата на сегашниот свет, војната не само што тропа на врата туку сака да ја скрши вратата. Замислете џихадистине од Блискиот Исток да ни се насукаат овде (многу им е мерак)… чувајте си ги жените… море и своите… Тие се „паркирани“ во Албанија (бегалци), Босна, Косово, па и кај нас. Инаку, министерката за финансии ми личи на една од внуките… срце на мајка, најдобра ученичка е во школото. Неколку „флеш потези“ од неа некако дадоа блиц-надеж. Ах пари пари – во титоизмот нѐ учеа дека парите не се важни, ама сега во либерал-капитализмот парите се важни – најважни, поважни и од душата и од човекот. Значи, девојчето си ја знае работата… арно ама – чаршијата пушта змивчиња. Змивчињата се злобни оти имаат отров од минатото. Јас не сум на тоа мислење, ама вие од Владата – ај прочешлајте ја малку работата, оти змивчињата може да пораснат! За Министерството за одбрана не зборувам, оти ние немаме армија. Ако една „армија“ пред 24 години губеше од УЧК, се структурира со балансери, не знае за „тајна дипломатија“ (немој да рипате – не знаете) и е во „ембрионална фаза“ на артифициелна интелигенција – таа не постои. Тоа што со НАТО вежбаме во Криволак е „ембрион во матка“ на ризичен плод.
ПРВ ЗАКОН ЗА СЛЕДНИТЕ СТО ДЕНА: дуплирајте ги резултатите и повеќе – нелинеарен ефект е сила. Ако не ги дуплирате е исто како да не сте ги постигнале. ПОТОА: да се донесат (препишат) европските закони – веднаш – денес, не утре! ЈАС ЛИЧНО би замолил уште нешто: отворете го Етноселото кај Нерези и проширете го, а исто и бродовите на Вардар – да се радуваат на нив деца, туристи и верници! ПЛУС: 1. Нови црвени линии да се додадат. 2. Македонскиот манифест да влезе во Музејот на Македонија. 3. При гласање за антифашизам (ОН итн. – Македонија да гласа за). 4. Плати и пензии – ниво – да се врзат за црвени линии.
Ах, министерот за правда – ах министерот за правда… аааах! Тој треба да креира закони – закони бе батка – закони за Европа, ами како без закони ќе влегуваме во Европа – во Тунгузија ли ќе влегуваме? Чаршијата вели дека е добар за бизнис – а законите и државата? – Го боли некоја работа! Ме потсеќа на градоначалничката на Скопје. Таа барем ги откри „прстињата во медот“, бисер на милениумот, а тој – ги открива прстите на друга страна. Министерот Логан секој ден гмечеше и дрмаше за промени, а Рашела Мизрахи за еден месец направи дар-мар кај фондот за помош на инвалидите и во болницата во Демир Капија – јад и плач на цивилизацијата. Бадентер велеше – најпрвин препишете ги европските закони, а потоа сѐ друго ќе се мести! Ништо! Неговиот шеф Максим Димитриевски е прекрасен човек – најпрекрасен, искрено. Велат дека бил добар војник, а тоа го знаат и Американците. Ама не може да го мрдне министерството. Е па, со џип не можеш да мрднеш гигантски бизнис-бункер. Му треба тенк – премиере, ве молам дајте му два-три тенка за да го помрдне Министерството за правда, оти ќе се претвори министерство за „без – правда“. Ако не – пациентот ќе умре. А кој е пациентот? – Македонија. Браќа и сестри – ако умре Македонија, сеедно дали се вика северна или јужна! И уште нешто. Давидот Македонија има во себе еден голем Голијат. А Голијатот се вика – Мафија (ќе збориме).
Другите ресори мрдаат „таке-ваке-онаке“ и ја расипуваат четворката. Нешто „рипна“ министерот Горан Минчев (многу важен ресор) и ја „освежи“ чаршијата со антибалансерска „влажна марамица“, ама мократа крпа падна врз лицето на етнонационалистичките партии. Лелеееее… шлапнал етничка партија. Море не етничка, туку дуистичка. Е па, што! Јас како некој родоизвлечен од холокаустот би ви рекол нешто: етнички партии треба да се забранат со закон! По можност со устав. Тие нѐ доведоа до статус на етнонацизам и етношизофренија. Нацистичките земји во 1940-тите имаа етнички партии на т.н. „Ариевци“. Замислете „Ариевци“ (со закон) се нарекуваа и Бугарите, Хрватите и Украинците! Па нели сега сите се џапаат да бидат Славјани? Башка што поим немаат што се тоа Ариевци. Да се вратиме на стоте дена. Значи, ако ги укинеме етничките партии и воведеме граѓански устав по моделот на Медисон и Џеферсон (објаснето порано) – заслужуваме десет Нобелови награди! Само да потсетам – Уставот на Југославија од 1974 (етнички, на пријателот Најдан Пашиќ) – ја уби Југославија. Сакате ли и Македонија да ја убиете? Почнав да кажувам за другите ресори. Чаршијата не ги перципира – ајде мрднете, мрднете, петка не се добива лесно. А СДСМ – сиротата е издишана гума. Ако не се „напумпа“ малку со американска и друга помош, ќе се залепат страните. Дрогичката ќе им помогне на лидерите да испливаат, а обичните ќе се удават. Ајде помагајте и вие од ВМРО, инаку ќе останувате вдовица без опозиционен партнер, а „заводниците“ ви се етно-мафијашки-нацио-македоцидни опози-сојузнци. А што правиме со криминалците? Уффф… Министерот вели дека се спрема и се спрема и се спрема за голема акција. Има еден стар виц од граѓанската војна во САД: некој генерал така ја спремал и ја спремал со месеци армијата, па му се јавил Абрахам Линколн и му рекол – „молим те позајми ми ја армијата да си свршам работа, а ти после спремај се!“ Нешто ме потсеќа на Линколн во Македонија. Да повторам – 18 отсто од кокаинот во светот циркулира низ Македонија. Од нашата мафија се тресат Лондон, Марсеј, Ротердам, Њујорк, Мексико… (читајте ги Џон Лукас, Дејан Лучиќ, Иван Бабановски, Ксавиер Рауфер, Александар Илиевски, „ЛЛЦ Издавач“, Јана Арсовска, Роберто Савиано… итн.), со пипала во нарко и други мафии на Кина (тријади), исламска мафија, руска мафија, турска мафија, веројатно и израелска (индикатори) итн. Во прашање се трилиони долари. Кај нас плус постои и градежна и медицинска мафија, но тие не може да се мерат со наркомафијата (која плус се занимава со шверц на оружје, храна и земјоделски производи, проститутки, луѓе, органи, пасоши, документи, цигари, информации итн.). Дали следните три месеци ќе ја средите мафијата? Дали некој има „кикиритки“ во пантолоните да се зафати со апсење? Дали воопшто имаме доволно информации за тоа? Се разбира дека Интерпол, Еуропол, ФБИ и разузнавачките агенции имаат информации – ама „мафи-манекените“ – се најслободни граѓани на светот. Криви се „кикиритките“, или нешто посилно од тоа. И што правиме сега? Што ќе ѝ кажеме на чаршијата по следните три месеци? – Ако немате леб, јадете кикиритки. Еве ви малце поголеми платички, поголеми пензиички, житце од Србија, грав од Албанија и – зачепете ги тие чаршиски устичиња! УШТЕ НЕШТО: војните во Украина и Блискиот Исток ќе прогресираат. Тоа значи инфлација, скапотија – смалување на стандардот и мизерија!
ПРВ ЗАКОН ЗА СЛЕДНИТЕ СТО ДЕНА: дуплирајте ги резултатите и повеќе – нелинеарен ефект е сила. Ако не ги дуплирате е исто како да не сте ги постигнале. ПОТОА: да се донесат (препишат) европските закони – веднаш – денес, не утре! ПЛУС: 1. Нови црвени линии да се додадат. 2. Македонскиот манифест да влезе во Музејот на Македонија. 3. При гласање за антифашизам (ОН итн. – Македонија да гласа за). 4. Плати и пензии – ниво – да се врзат за црвени линии
Ах, ги заборавив бранителите. Случајно познавам некои од лавовите и некои резервисти (по медицинска линија, бидејќи некои имаа здравствени проблеми). Тие беа хетерогена група со различни категории на образование, но беа екстремно храбри и ризични за себе. Не слушам приказни од нашите сегашни безбедњаци. Без бранителите сега ние ќе им бевме слуги на ДУИ и необалистите. Компензација од Владата и законите – нема да има. Точка. Дај боже мили да не сум во право. Предлагам – да се направи фондација што ќе собира средства за фамилиите (дома и странство) за помош. Се разбира и албански фамилии може да се вклучат ако нивниот наратив е заеднички со нашиот. Има и една група протерани од Арачиново, а ги водеше една жена Јана (заборавив презиме). Ниту ги враќаат, ниту компензираат. Досега, сите влади, „љубени“, „нељубени“ или „прељубени“ имаа два фактора на кои мораа да се потчинуваат – странскиот фактор и УЧК. Тресам глупости? – Прашајте ја чаршијата. Зошто е тоа така е многу широка тема за овдешно излагање. Рековме дека дрогата во светот е „трилионски бизнис“. На Си-ен-ен еден доктор специјалист за дроги кажа дека секој трет жител на САД зема некаква дрога. Мислите дека ние сме многу подобри? Од трилионите – некое билионче ќе „се паркира“ и кај нас. Кај мене? Кај тебе? – Ха-ха-хааа! Здраво статисти. А со која цел би дали билиончиња? – Па за да се „роди“ друго билионче. Од еден работник од Бондстил дознав дека од Косово се копаат и се изнесуваат злато и други природни богатства. Е па, сега – кој го има кецот во рака? А чаре? – Шипинки… извинете.
Здравство… оф оф мори мајкооо! И во мое време (сега сум стар пензионер) имаше далавери со набавки, политики, градежништво, лекови, врски, мито… аман, ама тоа е ситна работа. Ова на Онкологија е мафијашка работа околу скапи лекови – кои се носат во Косово. И кој ќе го реши? Чекај бе чекај статисту…! Деца наркомани, синови и ќерки на мои пријатели купуваа метадон од фармако-лекарска мафија. Опаааа! Децата се одамна умрени. Во школи ми рекоа дека во секој клас има барем по еден наркоман. ИМАМ ЕДЕН ПРЕДЛОГ – иако знам дека никој не слуша. Ги гледам оние зградетини до „Рамстор“ – би можела само една да биде прекрасен хируршки центар. А остатокот на „Мајка Тереза“ да биде интернистички и лабораториски центар. Огромни пари и време би се заштедиле. А на Фондот за здравство на моите колеги и пријатели би им советувал – огромен дел да наменат за терцијарното здравство, кое континуирано ита напред. Јас порано советував и до 50 отсто од парите.
ЗА КРАЈ. Една содржина стално ја „верглам“. Да почнеме да имитираме една напредната европска земја – Лихтенштајн. За тоа најпрвин треба да форсираме земјоделство и од профитите да создадеме банки. Значи земјоделство плус банки. Потоа банките да проработат (кредити, штедење итн.) и да инвестираат во сѐ друго што ни треба (минатиот пат ги набројавме – закони, одбрана, разузнавање, енергетика, фабрики, патишта, артифициелна интелигенција и информатика, образование, култура, наука, здравство итн). ПОСТ СКРИПТУМ: со господинот Љубомир Гајдов пред 20 години бевме кај нобеловецот Пол Самуелсон. Меѓу другото тој рече дека Македонија треба жестоко да штеди, најмалку седум години (како во Библијата). А потоа заштедените пари (неколку милијарди евра) да се инвестираат. Друго што рече – „неписмен е тој што не знае англиски, економски и компјутерски јазик“, а јас би додал и артифициелна интелигенција.
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио