Фото: Влада

Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за одликување на неколку странски политичари со Орденот на кнезот „Јарослав Мудриот“. И претседателот на македонскот Собрани Талат Џафери е одликуван со овој Орден.

Како што потврдија за МИА од Собранието, одликувањето ќе му биде врачено на претседателот Џафери во Загреб, на конференцијата на Кримска платформа, што ќе се одржи на 25 октомври годинава.

Медиумите во Украина објавија дека соодветната уредба бр.734/2022 е објавена на веб-страницата на шефот на украинската држава.

Како што е објавено, со Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, се одликувани и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.