За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола и надвор од земјава, а и ќе се оспособи меѓуградскиот железнички превоз, но очекуваме да напреднат работите на автопатот Прилеп – Битола, особено кај желеничките премини. Ќе се превезува мермерот, изјави вицепремиерот Александар Николоски на денешното чествување на 11 октомври во Прилеп.
-Во делот на каргото, веќе сме во финална фаза на почетокот на карго сообраќајот. Производите од мермер ќе одат преку карго сообраќајот, а на тој начин ќе го заштитиме и патничкиот сообраќај. За брзо време очекувам да стартуваме со карго-сообраќајот – посочи Николоски.
Тој најави дека во следниот период очекува да почне да сообраќа и меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола
-Во однос на поврзувањето на Битола со Прилеп со воз, а тоа е нешто што јас го ветив, таму, знаете, паралелно се гради автопатот Прилеп – Битола и со изведувачот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ имавме заедничка одлука да завршат целокупните активности кои се однесуваат на премостување на железничката пруга, а се однесуваат на неколку места, за кога ќе почне железничкиот сообраќај тој да не запира. И очекувам во следниот период да почнеме и со меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола – изјави во Прилеп вицепремиерот Александар Николоски, пренесува МИА.
































