Фото: Маја Јаневска - Илиева

Осумдесет години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка е настан, којшто не смее да се заборави, порача Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница на денешната комеморативна програма во Штип.

– Во својата 80-годишна историја овој ден никогаш не е заборавен, секогаш им оддаваме почит на нашите 7.144 Евреи од Македонија и 543 Евреи од Штип. Нека Евреите починати во Треблинка бидат залог на посветла иднина, на поголем просперитет на Македонија и за побрзо влегување во ЕУ каде што ќе бидеме рамноправни членови со сите останати европски земји – рече Леви.

Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева

Прашан за коментар што бугарската власт не презема одговорност во депортацијата на евреите, Леви со одговор дека секој носи лична одговорност за своите постапки.

– Дали некој се чувствува виновен или не се чувствува виновен тоа е во неговиот генетски код или во неговата култура. Историјата таква е каква е, никој не може да ја промени, никој не може да ја избрише. Денеска сите народи на Балканот треба да живеат во мир и во слога и мислам дека е голема, голема грешка неовозможување, ставање вета и слични работи за влез на Македонија во ЕУ – додаде Леви.

Посочи дека денеска во Штип има гости од Израел, меѓу кои и жива Еврејка која била во логорот во „Монопол“ и која успеала да излезе од „Монопол“ со нејзината сестра.

-Преживеала голгота, но успеала да се одржи и да оформи свое семејство, преселена е во Израел и сега има семејство од преку 20 души. Ние сме горди на неа и ја сакаме нашата Шела – рече Леви.

 

Осумдесет и осумгодишната Шела кога ги депортирале од Штип имала само осум години.

– Дојде мајка ми да ме разбуди, јас не сакав да станам и викав нејќам, нејќам сè уште е рано да станам – вели Шела.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи е настан којшто има за цел да ни помогне да не ги заборавиме злосторствата коишто се случија пред 80 години.

Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева
Фото: Маја Јаневска – Илиева

– Ми претставува навистина големо задоволство што имав можност да помогнам на некаков начин во организација на овој настан денес, организацијата на настанот којшто беше вчера во општина Битола и во организацијата на централниот настан – Одбележување 80 години од депортацијата на македонските Евреи. Овој настан треба да ни послужи сите на една лекција да се издигнеме, односно издигнување на сите наши определби да помогнеме вакви настани никогаш повеќе во историјата да не се повторат – вели Костадиновска-Стојчевска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека и по 80 години сè уште се чувствува тагата меѓу штипјани.

-Треба да испратиме една порака дека не треба да се заборави и не треба да се повтори. Нашата желба денес со „Маршот на живите“ е да порачаме да има мир во светот и никогаш да не се повтори – вели Јорданов.

 

По повод 80 години од депортирањето на македонските Евреи беше промовирана книгата „Евреите во Штип“ од Мишо Китаноски, делегациите положија цвеќе на споменикот на Евреите во Штип, а беа посетени и Еврејските гробишта.

Во Штип присуствуваа амбасадорот на Германија во Македонија, претставници на ОБСЕ, високи дипломатски претставници во земјата, потоа гости од Израел, пратеници во Собранието на Македонија и претставници на државни и локални институции.