Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтер е регистриран вечерва околу 22 часот и 40 минути, со епицентар во Албанија.

Според првичните податоци, од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар епицентарот бил на 29 километри северноисточно од Тирана на длабочина од 2 километри.

Земјотресот е почувствуван во Македонија, Црна Гора и Грција.