Фото: МИА

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Р. А. (50) од Велес. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќа на улица „Благој Ѓорев“, сопственост на Д.Ч. (52) од Велес.

Од МВР информираат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.