Фото: Маја Јаневска-Илиева

Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација и сме внимателни кон намерата на овие хибридни закани. Останува МВР да контактира со партнерските служби во регионот, изјави денеска на редовниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имајќи предвид дека и во друга членка на НАТО има дојави за бомби Црна Гора, дека ова можеби не е некоја игра на тинејџери, побарана е помош од НАТО.

Османи појасни дека НАТО дава поддршка за дијагностицирање на проблемот, нема мисија која би барала форензика.

– Повиците од Германија до своите државјани да бидат внимателни во Македонија поради дојавите за бомби, според него, се легитимни. Вчера имавме дојави за бомби во хотел, и ние ќе постапевме исто – вели министерот.