Фото: УХМР

ЦУК информира дека УХМР предупредува на можно невреме во земјава.

– Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град – информираат од ЦУК.

Оттаму, предупредуваат дека и во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.