Фото: МИА

Тим на струмичките пожарникари денеска го пронајде и извлече телото на М.П.(29) од село Дабиле, кој на 16-ти овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Веста ја соопшти ТППЕ Струмица на својата фејсбук страница, откако утрово нивниот тим се вклучи во потрагата по исчезнатото момче.

Завчера во потрагата се вклучија и жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонари ја пребаруваа браната. Како што беше објавено на нивната фексубк страница, сонарите детектирале објект во водата, а денеска со помош на пожарникарите е извлечено телото на удавеното момче.

Инаку, на 16 јули во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.