ФОТО: Пискабеј

Полициските службеници синоќа уапсиле косовски државјанин баран со потерница од Интерпол.

-Синоќа во 20:30 часот на граничниот премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Н.К.(27) од Косово, затоа што по извршена проверка било констатирано дека истиот во службената евиденција евидира со мерка „апси“ издадена од Интерпол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што наведуваат од МВР, лицето ќе биде предадено на полициски службеници од Полициска станица Мирковци за понатамошна постапка.