Архива / Фото: Нова Македонија

Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4%, а цените на мало од 3,8%, соопшти Државниот завод за стстистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0,9 %.

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3,1%, храна и безалкохолни пијалаци за 1,3%, разновидни стоки и услуги за 0,6%, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,5%, облека и обувки за 0,2%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0,1%.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,1%.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто