Фото: ЦУК
Како последица на големиот пожар кој избувна претпладнево во фабриката на поранешниот Тутунски комбинат на влезот во Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен.
Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови. Најпогодени се оние со белодробни, васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот.
Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95.
Од ЦУК препорачуваат во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите.
Во 12 часот на лице место пристигнала и армијата со еден хамер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.
На местото на пожарот е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Врз пожарот се интервенира и од воздух со Хеликоптер на МВР, а од страна на TAВ Maкедонија пуштена е цистерна со Пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар.