Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури“ – многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има, реагираат од Студенстски отпор.
-Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови. Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини – велат од Студентски отпор.
Оттаму алармираат и дека стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци – но најважното од се јавните функционери си ја покачиле платата за 78%.