Фото: Принтскрин

Најголемиот револт за нашите членови и најболното нешто за сите Македонци во Бугарија, кои биле затворани затоа што ги барале своите права и кои животите ги посветиле на Македонија, ќе биде ако државата Македонија јавно се откаже од македонското малцинство во Бугарија.

Ова го изјави Стојко Стојков, член на Претседателството на „ОМО Илинден Пирин“, во интервју за Јутјуб-каналот „Нов АСНОМ“. Тој додава дека ниедна македонска влада до сега директно не го отворила прашањето за Македонците во Бугарија пред бугарските власти. Стојков во интервјуто зборува и за македонскиот весник во Бугарија – „Народна волја“, за непочитувањето на човековите права во Бугарија како членка на ЕУ, како и за тоа дека тие се оставени сами на себе да се борат за своите права како Македонци.

Стојков смета дека бугарското оспорување на Македонија ќе продолжи и ако се прифати барањето на Софија во македонскиот Устав да влезат и Бугарите.
Тој вели дека не случајно е последното барање на Бугарија за тоа Бугарите да влезат во македонскиот Устав, затоа што сите нивни претходни барања во однос на историјата, јазикот… наидоа на лош прием кај меѓународната заедница.

Погледнете го интервјуто на „Нов АСНОМ“ со Стојков.