Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило „мерцедес“ кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон приватна болница, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со инцидент и нелегална употреба на флешери од синот на заменик-министерот Назим Буши.
Спасовски, по денешната посета на СВР Скопје, нагласи дека е убеден оти не е синот на неговиот заменик. Додаде дека имало многу шпекулации за овој случај.
– Беа изнесени многу податоци дека е тоа „ауди“ возило, дека е возило на СОЗР, дека е возило на МВР, затоа се вклучи и делот на внатрешна контрола итн. Се утврди прво дека пријавата доаѓа од граѓанин која што е упатена до нашиот Центар за известување на МВР за возило кое што се движи со поголема брзина. Се утврди патничко моторно возило „мерцедес“ кое што не е сопственост на СОЗР, не е сопственост на МВР и не е сопственост на кој било државен орган, туку е приватна сопственост на приватно правно лице кое се движело во тој период и според наши сознанија се упатило некаде во приватна болница – рече Спасовски.
Посочи оти МВР ги обезбедило сите снимки и нагласи дека одговорност ќе има за се тоа што ќе се утврди во зависност од снимките.