Фото: Маја Јаневска Илиева

СОНК инсистира на скратена програма со што ќе се реализира наставната програма во рамките на планираната учебна година, велат за „Нова Македонија“ од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

За тоа како ќе се надополни материјалот од изгубените часови поради штрајкот вчера имаше широки дискусии на социјалните мрежи. Многу од родителите реагираа на тоа часовите да се надоплонуваат во саботите, но и за тоа што би значело скратена програма.

Јаким Неделков: Учениците ќе мора да го надоместат пропуштеното, ќе направиме скратена програма

Денес е трет ден од штрајкот на околу 25.000 вработени во училиштата и градинките, со кој бараат зголемување на платите. Вчерашниот ден помина без состанок меѓу СОНК и претставници на Владата. Според најавите од двете страни во понеделникот, средба деновиве ќе има во обид да се постигне решение за барањето на Синдикатот. Огромен број од учениците не одат во училиште, а помал број деца има и во градинките.

Неделков на третиот ден од штајкот: Да се надеваме дека денес ќе нѐ повикаат и ќе ни дадат разумна понуда

– Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК. Ова го побарав и од другите министри во Владата и во истото гледам опција преку која би можеле да постигнеме решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот – рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири, потенцирајќи дека преговорите со СОНК се интензивираат и дека до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.

За да се зголемат платите на наставниците, Шаќири подготвен да намали од инвестициите

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, порача дека се отворени за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови и незадоволства. На својот Фејсбук-профил претседателот на Владата напиша дека го охрабрува Синдикатот да го продолжи дијалогот за трајно решение преку заеднички утврден модел за раст на платите.

Б.Ст.