Фото: Пиксабеј

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност се очекува денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 31 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 38 степени.

Според синоптичарите, во наредниот период се очекува стабилно и потопло време. Исклучок ќе биде вторник, кога на места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.