Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, со променлива облачност во текот на денот.